Како да не станете материјалисти?
Парите се важни, никој не го оспорува овој факт, но во животот постојат работи кои не можат да се купат со пари.
Ни најбогатите луѓе не се секогаш среќни, иако имаат, речиси сé што ќе посакаат. За да го цените она што го имате не треба да бидете материјалисти.
Иако материјална сопственост сеуште е важна, важно е и да не дозволите работите кои ги поседувате да ве поседуваат вас. Еве како да го направите тоа:
Волонтирајте
Зошто е важно што ќе мислат луѓето ако одбиете да излезете со нив секој викенд, бидејќи вашето време го поминувате во волонтирање на разни места? Со волонтерската работа, не само што можете да смените нечиј живот, туку можете да станете подобра, емпатична личност.
Ако сте често на социјалните мрежи можете да ги искористите вашите организациски способности и да организирате собирање средства, храна и облека кои можат да помогнат некому.
Шопинг
Спротивно на она што може да го проповеда Ким Кардашијан или Парис Хилтон, шопинг не е хоби. Доколку им кажувате на луѓето дека ова ви е хоби, ќе звучите смешно и плитко.
Постојат и други начини да го трошите своето време, наместо да го трошите во трговски центри. Не ги трошете парите и времето на шминка, облека и повеќе бескорисни работи кои навистина не ви се потребни.
Дури и кога имате вишок пари, чувајте ги за нешто што навистина вреди.
Чистење
Целата поента на чистењето е да се ослободите од работи кои не ви се потребни. Започнете со вашиот палкар, па продолжете со други работи кои ви пречат во животот. Стари списанија, прибор за храна, облека...
Доколку не ги користевте досега, веројатно нема никогаш да ги користите. Подобро е да ги подарите на луѓето на кои им се потребни овие работи.
Заменливост
Не брзајте да ги замените старите работи. Доколу можат да се поправат, поправете ги и користете ги додека не се истрошат. Најдобар пример за ова е вашиот мобилен телефон. Луѓе денес ги менуваат своите телефони речиси секој ден. Зошто да купите нов телефон кога стариот работи совршено добро? Повеќето луѓе дури и не знаат како да ги искористат сите опции на своите телефони, важно им е само телефонот да им е нов и модерен.
Вреднувајте се себеси повеќе
Не им давајте високи вредности на предметите, фокусирајте се повеќе на себе. Иако многу луѓе успехот го вреднуваат со пари, успехот е субјективен.
Искуства
Изберете ги искуствата пред предметите. Наместо да купите нови чевли, парите вложете ги во патување.
Инвестирајте во луѓе, а не работи
Без разлика дали ќе ги донирате парите за добротворни цели, или ќе ги ставите на штедна книшка, секогаш е подобро да направите нешто што ќе биде од корист, а не да си купите уште едно парче облека кое навистина не ви треба.
М. А. | Црнобело