Правилен начин како да одите по мраз и снег, ако не сакате да паѓате на секој чекор (видео)
Овие неколку дена најголем проблем е како да излеземе од дома и да не паднеме. Снегот кој се топи и ниските температури се идеална шанса за повреди, па затоа бидете претпазливи.
Колку и да сте во брзање или да доцните, важно е да ги следите овие совети, ако не сакате да паѓате на секој чекор и да си го повредите грбот или вратот.
Започнете со тоа што ќе одите како пингвин, колку и да звучи смешно. Исправеното одење на мраз и снег е доста ризично заради погрешно распоредената тежина. Во случај на мраз, тежината на телото секогаш треба да ви биде распоредена на предната нога.
Внимавајте на обувките кои го носите. Ѓоновите не смее да се пластични или мазни, а препорачливо е чизмата да ви го држи глуждот стегнат, за да ги избегнете превиткувањата.
И конечно, овој лекар ќе ви го објасни правилниот начин на движење кога надвор сè е лизгаво.
Д. М. | Црнобело