Како да се справите со луѓето кои ве осудуваат?
Дали ви е тешко да се занимавате со луѓе кои често ги осудуваат другите луѓе и се полни со предрасуди и негативност?
Овие совети можат да ви помогнат да го смените начинот на кој тие влијаат врз вас.
Сите имаме искуство со овакви луѓе во нашите животи, без разлика дали се работи за соработници, пријатели, членови на семејството, партнери или странци. Но, дали ќе изберете да ја задржите нивната негативност и критичка перспектива целосно зависи од вас.
Тие се луѓе кои имаат проблем, иако сакаат да веруваат дека тоа не е вистина, односно дека другите луѓе имаат проблем. Тие ги критикуваат сите, било да се работи за објекти или луѓе.
Оваа осудувачка и критичка гледна точка произлегува од длабоко вкоренети лични несигурности и несреќа. Овие луѓе се чувствуваат исклучително ранливо во сопствениот живот поради што ги осудуваат другите луѓе, за да се чувствуваат подобро во сопствената ситуација.
Им недостасува емпатија. Тие не се само несигурни, туку често им недостига емпатија. Тие ја немаат способноста да разберат некого и да ги споделат чувствата. Тие не се во можност да го видат светот низ очите на други луѓе, поради што ги дискредитираат нивните верувања, избори, стравови и мислења кои многу се разликуваат од нивните. Тие не ја сфаќаат болката која можат да ја предизвикаат со нивните коментари и осудувањето, а можеби не се ни грижат.
Тие немаат повеќе перспективи. Проценката за луѓето ја базираат врз едно гледиште – нивното. Оваа неспособност да се види различност предизвикува голем број на предрасуди.
Овие луѓе не се свесни дека постојат многу начини на размислување и согледување на светот. Наместо тоа, тие веруваат дека постои само еден вистински одговор на секое прашање. Ова им овозможува да веруваат дека тие се во право кога ги осудуваат другите луѓе кои не ги делат нивните верувања или мислења.
Но, како да се справите со овие луѓе?
Бидете сигурни во себе и своите избори. Не дозволувајте овие луѓе да ве натераат да се сомневате во себе си и вашите верувања поради нивните критики.
Не бидете негативни и не ги сфаќајте нивните коментари сериозно.
Обидете се да ги игнорирате или избегнете.
Бирајте ги вашите битки внимателно. Доколку сакате добар аргумент со овие луѓе тоа е речиси невозможно, бидејќи тие се неспособни да видат повеќе гледни точки. Исто така, тие не сакаат да ја слушнат вашата страна на приказната.
М. А. | Црнобело