Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гума за џвакање се вари седум години: Митови за храната во кои сите веруваме

Како да се јаде правилно? Тешко е да се одговори на ова прашање, бидејќи постојат многу заблуди за храната и исхраната.

Mitovi-za-hrana-vo-koi-site-veruvame

Ова се најголемите митови за храна во кои речиси сите веруваме:

Млекото им помага на коските

Секој знае дека пиење млеко им помага на коските да зајакнат. Калциумот е добар за нас, а млекото е богато со калциум. За жал, вистината е малку покомплицирана.

Универзитетот во Упсала, Шведска неодамна објави резултати од големо истражување во кое учествувале 61.400 жени и 45.300 мажи. Жените кои пиеле најмалку три чаши млеко на ден имаат претрпено фрактура на колкот.

Овие резултати можат да се објаснат. Поради шеќерите, лактозата и галактозата се забрзува процесот на стареење.


Енергетските пијалаци ви даваат енергија

И покрај нивното име енергетските пијалаци се прилично неефикасен начин за добивање на енергија. Повеќето енергетски пијалаци се мешавина на шеќер и кофеин. Некои, исто така содржат гуарана, која е само уште еден извор на кофеин. Неколку енергетски пијалаци содржат женшен и Б-витамини, но не доволно за да има вистинско влијание.

Честата употреба на енергетски пијалаци може да предизвика несоница и зголемување на телесната тежина. Ако навистина сакате да го зголемите нивото на енергијата не постои замена за добра исхрана, редовно вежбање и доволно спиење.


Гума за џвакање се вари седум години

Речиси сите се сеќаваме на предупредувањата од нашите родители да не ги голтаме мастиките за џвакање, бидејќи ќе останат во нашиот дигестивен тракт седум години. Ова е една од најпознатите урбани легенди. И додека не е јасно од каде потекнува приказната, јасно е дека е сосема неточна.

Гумата за џвакање е делумно имуна на дигестивниот процес и поминува низ вашиот систем бавно, но не седум години. Во реалноста, најверојатно ќе исчезне за околу една недела.


Треба да се пијат осум чаши вода на ден

Идејата дека треба да се пијат осум чаши вода секој ден е уште една урбана легенда. Најстариот пример за овој мит се појави во 1945-та година, во изјава од Одборот на Националниот совет за истражување на храна и исхрана.

Тие сугерирале дека луѓето треба да консумираат најмалку 2.5 литри вода на ден. Сепак поголемиот дел од водата е содржана во храната. Со други зборови, во изјавата не е кажано дека треба да се пијат осум чаши вода на ден.

Не постои една количина која им одговара на сите. Количината на вода која треба да се пие зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја и големината на телото, локалната клима и физичките активности.

Институтот за медицина укажува дека просечниот возрасен човек треба да пие околу 13 чаши течност (не мора да е вода) секој ден. Исто така, е важно да не се пие многу вода, бидејќи прекумерна количина на вода може да предизвика вртоглавица и гадење.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...
Фото-докази дека луѓето во минатото имале многу подобар моден стил Жени во елегантни фустани и нежен накит, мажи во костуми – луѓето во минатото на...
Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
5 работи што ќе му бидат забранети на Доналд Трамп откако ќе му заврши претседателскиот мандат Ќе мора да користи електронски уреди одобрени од тајната служба и нема да смее с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg