За нив Дедо Мраз постои: Изненадување за дечињата кои овој Божиќ го поминале во болница
Преку ден П.К. Субан е професионален хокеј играч, а навечер „работи“ за Дедо Мраз. Субан и Air Canada ги изненадиле децата од една болница во Монтреал со трансформација на болницата во зимска бајка.
Сите деца пациенти биле споени за да го прослават Божиќ со магични трикови, боење на лицата, подароци и многу, многу слатки. Децата и родителите од возбуда немале зборови, бидејќи ова е многу светла точка во нивните моментални животи.
Субан исто така, изненадил и едно семејство кое оваа година му била навистина тешка - се соочиле со болест на нивното дете и пожар на нивната куќа.
Погледнете го видеото, сигурно и вие ќе се натажите и развеселите во исто време. Никој не останува рамнодушен:
A Winter Wonderland SurpriseThe secret is out! This year for the holidays I've teamed up with Air Canada to surprise patients of the Montreal Children’s Hospital! We transformed the atrium into a special Winter Wonderland! It was an epic experience. Enjoy, and Happy Holidays everyone! #PKApproved #HolidaySurprise #givingbackiscontagious
-->-->Posted by P.K. Subban on Thursday, December 24, 2015
М. Д. | Црнобело