Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Време е за подароци: Совршени идеи за романтични новогодишни подароци за саканата личност

Сакате нешто навистина посебно, но немате идеи или не сте милионер овие празници? Не грижете се, тука сме да ви помогнеме.

vreme-e-za-podaroci-sovrsheni-idei-za-romantichni-novogodishni-podaroci-za-sakanata-lichnost-01.jpg

Постојат скапи идеи (како одење во Париз со саканиот/ата на романтичен викенд, во скап хотел пиејќи скапо вино) кои голем дел од луѓето не можат да си ги дозволат, па затоа преминуваат на помали, но сепак еднакво романтични гестови.

Ако сакате да ја изненадите саканата личност, погледнете ги овие неколку идеи кои можат многу да ви помогнат:

1. Мали романтични подароци

Секогаш пред да започнете со креирањето на подарокот, потсетете се на нивниот карактер и нештата што ги сакаат. Ако на пример, саканата личност е љубител на астрономија, напишете поезија (или пронајдете на интернет)  или однесете го/ја во опсерваторија и приредете пикник под ѕвездите.

Друга одлична идеја е да направите малечка кошничка полна со подароци. Ако на пример, тој/таа е голем љубител на кафе, тогаш купете им го омилениот вид, специјална шољја, чоколадо кое ќе одговара со кафето и една тегла наполнета со 365 желби за годината што следи. Едноставно, но совршено.

Последна, но не помалку важна опција е шишенце со есенцијално масло, љубовни чекови (слатки или малку безобразни, на вас оставаме) и свеќа со некој смирен мирис како лаванда, цимет или ванила.


2. Големи романтични подароци

Ако имате малку поголем буџет и можете да си дозволите да се разгалите, тогаш одлична идеја е да организирате викенд-патување до Маврово, Охрид или некое друго местенце каде може двајцата да уживате и добро да се одморите за празниците.

Ако пак немате толку пари на располагање, можете да купите нешто полуксузно како на пример часовник или накит и да го завиткате во нивен стил и омилени бои.


3. Романтични љубовни состаноци

Постојат луѓе на кои тешко им оди одбирањето подароци. Ако спаѓате во таа категорија, не грижете се и за вас имаме решение – љубовни романтични состаноци.

Не мора да бидат скапи, баш напротив, тие се многу евтини. Од пикник во парковите (изводливо, иако е студено), до филмски маратон дома или третата и најдобра опција, романтична вечера и мала забава во спалната соба. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто) Среде хаосот што владее во градските автобуси, никој не сака да го слуша и вашио...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин Посетата на нечиј дом бара почитување одреден бон-тон правила, со цел да оставит...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...
Јадење пепел од кремирано тело и уште 7 луди обичаи од земјите ширум светот Повеќето гробишта во Данска се направени како паркови, па луѓето ги посетуваат р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg