Никој не сака спонтани совети: Нешта кои треба да ги запомните кога давате/прифаќате совет

Давање и прифаќање животни совети е тешка, тешка работа. Особено ако станува збор за совети во сферата на љубовното поле.

nikoj-ne-saka-spontani-soveti-neshta-koi-treba-da-gi-znaete-koga-davate-primate-sovet-01.jpg

Честопати се прашуваме кога ќе се опаметиме, ама факт е дека треба да ги направиме токму тие грешки за да го пронајдеме точниот начин. Но, некогаш едноставно срцето е многу побрзо од мозокот.

Сепак, постојат неколку нешта на кои треба да внимавате кога давате/прифаќате совети:

Кога вие ги давате советите:

1. Запомнете дека вие сте целосно објективни

Што значи „правилното“ или „најпаметното“ нешто за вас е очигледно, но не и за другата личност. Сигурно низ нивната глава се вртат години или месеци и месеци од неуспеси, конфликтни чувства и емоции и веројатно во нив се крие голем страв, грижа и љубов. Затоа, кога давате совет, земете длабок здив, дајте го вашиот совет и потоа оставете ги самите да донесат одлука.


2. Не постои „правилно“ нешто

Секако дека може да изгледа како да има, но ако сакате да бидете добар пријател, тогаш треба да си кажете: „Па чекај, ова не е мој живот и јас не сум главен/а овде.“ Никој нема право да одлучува што е правилно или погрешно во нечиј живот освен сопствениот. Секако дека пријателот/ката дошол/ла по совет, но најдоброто нешто што можете да го направите е искрено да зборувате од срце и што би направиле вие, но сепак да не претерате и да го/ја натерате да го прифати вашиот совет.


3. Никој не сака спонтани совети

Тешко дека добро ќе биде прифатен и веројатно ќе го оштети вашето пријателство.


4. Бидете спремни на тоа дека вашиот/ата пријател/ка можеби нема да го прифати советот

Тоа не значи дека треба да престанете да им ја кажувате вистината, туку тоа значи дека природно е да восприемат совет, но и да донесат сопствена независна одлука. Тоа не значи дека вашиот/ата пријател/ка не ве почитува, туку дека некогаш мора да се направи грешка за потоа од неа да се научи.


Кога вие го добивате советот...

1. Вашиот/ата пријател/ка ве сака и не сака да ве види повредени

Ова често води до совети или мислења кои можат да изгледаат како да се нападни. Само запомнете дека дури и да не се сложувате со нивниот став дека она што тие го кажуваат, или како го кажуваат, дека е наменет со грижа и утеха. Тоа е како шеќер кој го подобрува вкусот на сирупот.


2. Не го мешајте вашето искуство со неговото/нејзиното

Секоја личност има различна врска. Врз основа на тоа, секој негов/нејзин совет е поврзан со нивно минато искуство. Не треба нивните искуства да ги гледате со своите очи, туку со неговите/нејзините. Плус, можете да научите од неговото/нејзиното искуство и да знаете како да постапите. Но, од друга страна, неговиот/нејзиниот проблем може да го сметате за мачкина кашлица. Запомнете дека на секој неговата планина му е најтешка. Секогаш гледајте на работите низ вашата рамка, но не е лошо да погледнете и во онаа на пријателот/ката.


3. Никогаш не зборувајте премногу лошо за бившиот

Сите сме биле таму – лошо раскинување, некои зборови кажани во афект кои (можеби) се вистинити... Е сега, што ако сакате да се смирите со бившиот/ата, но вашите пријатели ги помнат сите лоши работи кои сте им ги кажале за него/неа? Не велиме да не ги кажувате лошите моменти, но мора да има баланс помеѓу доброто и лошото.


4. Никогаш не ловете по советот што сакате да го чуете

Сигурно имате пријател/ка кој/а ќе ви го каже она што сакате да го слушнете, но одвреме-навреме добро е да побарате некој кој ќе ви даде поинакво гледиште – макар и да е тешко да го прифатите. Подобро е да ја знаете вистината, него да се залажувате. Верувајте ни. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Смрт на брачен сопатник и уште 13 најтешки искуства во животот (ќе ги разберете само ако ги доживеет... Спонтан абортус, силување, хронична болест, смрт на дете... Кои се најтешките ра...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Фотки кои ќе ви го подобрат расположението (дури и ако имате навистина лош ден) Куче кое го победило ракот и детенце чиј најдобар пријател е мачката на соседите...
Проблемите и двојните стандарди со кои се соочуваат жените во модерното општество, низ илустрации „Општеството очекува жените да работат како да немаат деца и да се грижат за дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg