Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Старец бездомник кој преживеал срцев удар, си ги добива двете кучиња назад (видео)

Новото вирално видео кое се прошири низ Фејсбук го прикажува можеби најемотивниот ден на еден бездомник.

starec-bezdomnik-koj-preziveal-srcev-udar-si-gi-dobiva-dvete-kucinja-nazad-01.jpg

На 25-ти септември оваа година двете кучиња останале без сопственик откако тој доживеал срцев удар и бил хоспитализиран.

Центарот за привремено згрижување на кучиња ги прибрало во една просторија. Нивното правило гласи „престој максимум 5 дена“, но сепак, двете кучиња останале таму 20-тина дена. За тоа време никој не се појавил да ги посвои, иако биле прочистени и стерилизирани.

Откако нивниот сопственик со недели бил во болница на опоравување, првата работа која ја направил откако излегол била посетата на овој центар за привремено згрижување на животни.

starec-bezdomnik-koj-preziveal-srcev-udar-si-gi-dobiva-dvete-kucinja-nazad-05.jpg

Кога кучињата го здогледале, среќата не се опишувала со зборови. Сепак, тој не можел да ги однесе дома затоа што му биле потребни 250 долари за да ги посвои. Се согласил и на тоа, само ако успее да си го продаде автомобилот.

starec-bezdomnik-koj-preziveal-srcev-udar-si-gi-dobiva-dvete-kucinja-nazad-02.jpg

„Кучињата не можеа да ја сокријат среќата. Го пречекаа со бакнежи и размрдани опашки,“ раскажува една до девојките која работи во центарот за згрижување.

„Овој човек беше подготвен да си го продаде автомобилот само за да си ги врати кучињата.“

За среќа, сите волонтери донирале пари за да му помогнат на човекот.

Целата емотивна приказна погледнете ја во видеото:

Би можело да ве интересира:

Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
8 луѓе кои ги најдоа своите двојници на уметнички слики во музеј (фото) Замислете да отидете во посета на некој музеј и меѓу уметничките слики на познат...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Првата личност зачната со ин витро се родила во 1978 година – Зошто јавноста ги критикувала нејзинит... Луис Џои Браун, родена во 1978 година, е првата личност во светот која е зачната...
10 идеи за подароци за Secret Santa до 500 денари, што навистина се корисни Преносни звучници, боенка за возрасни, тоалетна чантичка за патување... Што може...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg