Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои задолжително треба да ги направите за време на празниците

Ако сè уште немате направено список на работи кои треба да ги направите за да си пружите едно уживање кое ќе ве оттргне од секојдневните грижи за време на празниците, тогаш ви предлагаме да ја составите вашата празнична „to-do“ листа.

Nesta-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-napravite-za-vreme-na-praznicite-01

Не заборавајте да:

Потрошите квалитетно време со вашето семејство

Зарем постои нешто помагично од тоа целото семејство да биде собрано и тоа за убави работи? Колку и да не сакате да признаете, сигурно ви недостасува семејната трпеза со кифлички на вашата баба или пак салати приготвени од вашата тетка. Едноставно е, вие ги сакате и тие ве сакаат, па затоа во празничните денови кои доаѓаат дозволете си низа на такви семејни настани кои ќе ви го исполнат срцето.


Зготвите нешто сами

Ако сакате навистина да ја почувствувате празничната атмосфера, тогаш треба да зготвите нешто сами. Tоа може да биде некој божиќен колач или некој специјалитет кој долго време го немате пробано или пак нешто сосема ново што би сакале да се најде на вашата трпеза. Па зошто да чекате, засукајте ги ракавите и поканете ги вашите колеги и пријатели на вкусна празнична вечера која самите сте ја подготвиле.Тоа ќе ве зближи уште повеќе, а вие ќе ја чувствувате присутноста на празничниот дух во вашиот дом.


Направите филмски маратон

Еден ден мора да си посветите на себеси, а тоа нека е еден цел ден поминат во вашиот кревет и гледање на сите ваши омилени филмови со пуканки или чипс. Така ќе се препуштите на празничната мрзеливост која ќе ви го одмори телото и душата од сите обврски кои ви тежеле на глава и ќе ви ги наполни батериите за оние кои доаѓаат.


Бидете нечиј Дедо Мраз

Зарем нема да ви се наполни срцето доколку токму вие бидете нечиј Дедо Мраз?

Ако имате млади членови во вашето семејство кои сè уште го очекуваат Дедо Мраз, не заборавајте да ги натерате да веруваат во празничниот дух и дека Дедо Мраз постои. Одвојте дел од вашиот празничен буџет за да разубавите нечиј празничен ден.

Искористете ги празниците за да поминете безгрижни денови кои ќе ве оттргнат од секојдневното сивило. Опуштете се и за момент престанете да размислувате за секојдневните проблеми. Направете го сè она што сте сакале да го направите, но не сте можеле поради секојдневните обврски и не заборавајте да го ширите празничниот позитивен дух.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
8 корисни работи од Али Експрес (кои можеби не знаевте), но ви се потребни во домот Овие работи не чинат многу, а ќе ви олеснат некои работи во домот. Кажете им збо...
Забавни фотки што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Имате ли претстава колку големи биле пропелерите на Титаник? А, знаете ли како и...
Иритантни (и некултурни) работи кои не треба да ги правите кога сте во ресторан Кога сте во ресторан, може да правите некои работи за кои мислите дека се корисн...
Стрии, царски рез, белези – Како луѓето ги прекриваат несовршеностите со тетоважи? Како изгледа кога лузните од царскиот рез, стриите на нозете или лузните од изго...
Годините се само број: Фото-докази дека можете да се трансформирате на која било возраст Фото-споредбите од луѓе кои почнале да работат на себе подоцна во животот сигурн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg