Зошто никогаш нема да се откажам?

Иако никој од нас не посакува, сепак она што би требало да значи секојдневно уживање, се претвора во секојдневна борба за опстанок.

zosto-nikogas-nema-da-se-otkazam-01

Секој од нас чекори со еден товар врз своите раменици, некогаш поголем, некогаш помал, но никој никогаш не бил поштеден од тоа да го износи сам товарот на својот животен пат.

Обидувајќи се да успееме, понекогаш забораваме да живееме, но едно нешто треба да запомнеме, ние не сме создадени за да се откажеме, ние не сме создадени за да се предадеме, колку и да изгледа како сите конци да сакаат да се лизнат од нашата рака, сепак постои можност тие да се префатат и повторно сѐ совршено да функционира.

Ако сè уште не ви мириса на успех во вашиот живот, запомнете дека на највкусните работи им треба време додека да се подготват за да го добијат потребниот шмек.

Ако ме прашувате мене, постојат доста причини поради кои НИКОГАШ не треба да се откажете:

1. Мојот успех е многу поважен отколку што изгледа

Ако во моментот она што го правите и работите ви изгледа безнадежно и бескорисно, тогаш потсетете се на сите оние научни обиди кои пропаднале пред да бидат откриени најважните пронајдоци без кои ние денес не би го замислиле нашиот живот.

Зарем никогаш не ви се случило да направите нешто што во вашите очи изгледа сосема нормално и сосема просечно, бидејќи не сте свесни за квалитетот кој го поседувате, додека во очите на другите тоа е феноменално дело за кое вреди да се зборува?

Сфатете дека секое зошто има свое затоа и ако мислите да се откажете при првата пречка, запомнете дека успех од прв обид е мит.


2. Јас мора да бидам пример за оние кои доаѓаат по мене

Колку и да ви звучи чудно, во вашиот живот има луѓе за кои вие сте пример, огледало во кое тие сакаат да се огледуваат и да ги следат вашите постапки.

Каков пример би биле вие за вашиот помал брат или сестра или па за вашето дете, ако толку брзо се предавате? Зарем сакате во нивните очи наместо херои кои неуморно се борат со секој предизвик да бидете обични плачковци кои единствено што знаат е да ги кренат рацете од сѐ кога ќе дојдат тешки времиња?


3. Не смеам да ги изневерам оние кои веруваат во мене

На светот постојат барем тројца кои веруваат во она што го правите и ве почитуваат поради вашите постапки. Како би се чувствувале тие кога би дознале дека сакате да се предадете толку лесно?

Сигурно не сакате да ја скршите нивната доверба и да ја уништите личноста во која тие веруваат, а вие не можете да ја согледате истата таа личност која има потенцијал да биде апсолутно успешна.


4. Мојот потенцијал е преголем за да дозволам да не го искористам

Никогаш не се сомневајте во вашите квалитети. Сè она што мислите дека можете да го подобрите, подобрувајте го за да го извлечете максимумот од себе. Низ животот под различни ситуациии ќе видите дека во вас постои огромен потенцијал кој иако дел бил искористен, сепак таму некаде има уште многу што може да биде имплементирано во вашето секојдневно постоење за да донесете нешто подобро во светот.

Никогаш не се потценувајте, вие сте родени за големи нешта.

Ако сè уште барате изговор за да се откажете, имајте на ум дека оној кој се обидува да го прави просечното или да го живее потпросечното ќе се изгуби во реката со луѓе кои на секој начин се обидуваат да се истакнат во општеството.

Затоа обрврзете се кон избегнување на просечното и остварување на вашите цели. Реченицата „се откажувам“ пречкртајте ја од вашиот речник и борете се секој ден, како тоа да е борба која го дефинира вашиот опстанок за подобро утре.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Зошто на маратон се трчаат 42 километри? Маратонската трка е инспирирана од мит, според кој гласник трчал од грчкиот град...
Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Фотки од неверојатни коинциденции - мора да ги погледнете двапати за да поверувате (фото) Некои коинциденции се толку апсурдни што треба да погледнеме двапати за да се ув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg