Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


И сингл луѓето можат да имаат романтични празници...

Оваа година сте сингл за празниците? Одлично, можете да се посветите целосно на себеси, на пријателите и на семејството. Никако не се плашете да останете сами, баш напротив – радувајте се на тоа!

i-singl-lugjeto-mozhat-da-imaat-romantichni-praznici-001

Земете книга, запалете свеќа, стуткајте се во ќебето и прочитајте ги нашите совети како да имате романтични празници иако сте сингл:

1. Создадете романтична атмосфера во домот

Доаѓате дома, ги вклучувате сијаличките и ги палите свеќите. Во вашиот дом се шири пријатен мирис на бор, седнувате на вашата омилена фотелја и одбирате некоја убава книга.

Се завиткувате во големо ќебе, си ставате топло чоколадо, чај или кафе и читате некоја книга која веднаш ве расположува.

Како што читате, слатката нота на цимет од свеќата длабоко ја вдишувате во вашите ноздри, а мирот ве прегрнува вам и вашиот дом.


2. Внесете се во празничниот дух

Празниците се одличен период да бидете хумани и да им помогнете на оние на кои тоа најмногу им треба - нема ништо поромантично од разубавување на нечиј живот.

Направете некој убав гест за пријателите и роднините - покажете им дека ги сакате, направете мал домашен подарок или испратете картичка, а некогаш дури доволно е само да се јавите.


3. Учествувајте во новогодишната магија

Посетете новогодишни маркети, одете на лизгање или скијање, прошетајте го градот и вдишете ја новогодишната магија, разгледајте ги новогодишните украси, купете си подарок за себеси. Нема подобро време од ова за да бидете сингл.


4. Поминувајте повеќе време со семејството и пријателите

Можеби немате љубовен состанок, но затоа имате еден куп луѓе во вашиот живот кои премногу ве сакаат.

Поминете повеќе време со нив. Заедно со нив може да ги направите погоре наведените нешта, да се одморите во спа центар или да останете дома и да разговарате во придружба на топол пијалок.

Уште една одлична идеја е да се соберете сите заедно и рачно да правите подароци или да ги украсувате.


5. Посветете се на литературата и филмовите

Она што е најубаво во овој период се безбројните филмови и книги со новогодишна/божиќна тематика.

Покрај сите клише романтични комедии и класици, сигурно ќе најдете некој добар филм кој вреди милион пати да се гледа или некоја книга која ќе ви стане омилена.

Само треба добро да побарате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Луѓе откриваат зошто нагло се здебелиле – и не е само поради лоша исхрана „Кога ми се појавија проблемите со тироидната жлезда, се здебелив 13 килограми з...
Годините се само број: Фото-докази дека можете да се трансформирате на која било возраст Фото-споредбите од луѓе кои почнале да работат на себе подоцна во животот сигурн...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Хемотерапија, панични напади и уште 14 работи кои не можете да ги разберете, ако не ги искусите Никој што не доживеал панични напади, не примал хемотерапија или не доживеал стр...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg