Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Jазични трикови на кои вашиот мозок секогаш „ќе паѓа“

Јазикот е неверојатен. Ако ги кажете вистинските работи на вистинските личности во вистинско време, во основа можете да добиете сé што сакате - пари, моќ, секс, храна..

Na-ovie-jazicni-trikovi-vasiot-mozok-sekogas-ke-paga

Но, пред да го направите ова, прочитајте ги другите работи кои јазикот може да ги направи.

Доколку вашето име лесно се изговара имате повеќе шанси да бидете успешни

Во совршениот свет не би требало да  биде важно вашето име. Но, во реалниот свет луѓето на кои полесно им се изговара името имаат поголема веројатност да имаат повеќе пријатели и да бидат успешни. Истражувањата покажаа дека компаниите со поедноставните имиња тргуваат подобро на берзата од оние со посложените.


Можете да видите колку некој е потчинет од тоа колку често го користи зборот "јас"

Можете да дознаете многу за луѓето од едноставно слушање на нивните говорни обрасци. Ако некој често го користи зборот "јас", тоа може да значи дека тие се плашат и се срамежливи личности.


Луѓето ве третираат различно во зависност од вашиот акцент

Акцентите можат да го променат начинот на кој некој звучи, односно не звучи интелигентно. Ова особено важи за провинцискиот говор, кога луѓето со предрасуди се убедени дека некој не е доволно интелигентен доколку не го зборува стандардниот јазик. Овој проблем постои во сите држави.


Можете да ги читате мислите на другите луѓе со слушање на нивните метафори

Метафорите ни помагаат да ги објасниме апстрактни работи полесно. Во едно истражување од Универзитетот во Онтарио, истражувачите барале од учесниците да прочитаат едноставни метафорични реченици, како "Месечината е балон", а потоа им покажале снимки од различни очи, барајќи од испитаниците  да ги прочитаат емоциите од очите. Резултатите покажале дека оние кои неодамна биле изложени на метафори биле попрецизни во погодување на емоционалната состојба на очите.

Ова се случува затоа што кога ги користиме метафорите, несвесно се поистоветуваме со ситуациите, концентрирајќи се повеќе на нашите емоции. Научниците откриле дека нашиот мозок реагира на метафори на ист начин како што  реагира на физички допири. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
Сонувала да стане писателка, починала од тифус во логор: Детали од животот на Ана Франк И покрај тоа што се криеле, Ана Франк пробувала да се фокусира на своето образов...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg