Како да бидете неодоливи?

Некои луѓе, без оглед дали имаат пари, изглед или социјални врски, секогаш зрачат со енергија и доверба. На овие луѓе сите им се обраќаат за помош, совети и дружење.

Kako-da-bidete-neodolivi

Но што ги прави толку неодоливи?

Постојат одредени навики кои ги извршуваат секој ден за да ја задржат оваа перспектива.

Ова се нивните тајни:

Тие ги третираат сите со почит

Неодоливите луѓе ги третираат сите со почит, бидејќи тие веруваат дека не се подобри од другите.


Тие го следат платинум правилото

Златното правило гласи: Однесувај се кон другите како што сакаш да се однесуваат кон тебе. Но, ова правило има маана, бидејќи претпоставува дека сите луѓе сакаат да бидат третирани на ист начин. Не треба да се игнорира фактот дека луѓето се мотивирани од многу различни нешта. Некој сака јавно признание, додека некој не сака да биде во центарот на вниманието.

Платинум правилото гласи: однесувај се кон другите како што тие сакаат да бидат третирани. Неодоливите луѓе се одлични во читање на други луѓе. Тие го прилагодуваат нивното однесување во зависност од другите.


Тие се фокусираат на луѓето повеќе отколку на било што друго

Неодоливите луѓе поседуваат автентичен интерес за оние околу нив. Како резултат на тоа, тие не поминуваат многу време размислувајќи за себе. Не се обземени со тоа дали на некој му се допаѓаат, бидејќи повеќе се фокусираат на луѓето околу нив.


Тие ги разликуваат фактите и мислењата

Неодоливите луѓе се справуваат со контроверзни теми со благодет и спокојство. Кога си споделуваат своите мислења со другите, им даваат до знаење дека се работи за мислења, а не факти.


Тие се автентични

Луѓето често гравитираат околу автентичните поединци, бидејќи имаат доверба во нив.


Имаат интегритет

Интегритетот е едноставен концепт кој тешко се практикува. Неодоливите луѓе не зборуваат лошо за другите луѓе и ја прават вистинската работа, дури и кога боли.


Се смешкаат

Луѓето природно (и несвесно) го читаат јазикот на телото. Ако сакате да им бидете неодоливи на луѓето бидете насмеани за време на разговорот и тие несвесно ќе ви возвратат со насмевка.


Тие наоѓаат причини да го сакаат животот

Неодоливите луѓе се позитивни и страсни. Со нив никогаш не е здодевно, бидејќи тие го гледаат животот како неверојатна авантура, што не значи дека неодоливите луѓе немаат проблеми. Разликата е што тие им пристапуваат на проблемите како на привремени пречки, а не неизбежна судбина.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...
5 знаци дека некој ви се восхитува (а не се толку очигледни) Размислете малку наназад: Дали некогаш сте забележале некој потсвесно да ги зема...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg