7 работи на кои треба да се сетите кога минувате низ тешки времиња

Сите сме поминале низ тешки времиња и сите ги надминавме. Сепак, некои луѓе полесно ги надминуваат од другите. Во што е нивната тајна?

7-raboti-na-koi-treba-da-se-setite-koga-minuvate-niz-teski-vreminja

Ова се 7 работи на кои треба да се сетите кога минувате низ тешки времиња:

1. Познатиот цитат на Буда ни вели: „Вашата отпорност кон 'она што е' го предизвикува вашето страдање. Тоа значи дека нашето страдање се јавува само кога ќе се спротивставиме на тоа како стојат работите. Ако можете да смените нешто, направете го тоа. Но, доколку не можете да ги промените работите тогаш имате два избора: или да ги прифатите или да бидете депресивни во врска со тоа.

2. Проблем е само ако го гледате како проблем. Многупати ние сме свои најголеми непријатели. Среќата зависи од перспективата. Ако мислите дека нешто е проблем, тогаш вашите мисли и емоции ќе бидат негативни. Но ако мислите дека се работи за нешто од што може да се научи лекција, проблемот добива сосема поинакво значење.

3. Ако сакате промена, бидете промена. Вашиот надворешен свет е одраз на вашиот внатрешен свет. Луѓето сакаат да веруваат дека доколку ги сменат околностите ќе се сменат и тие самите. Но ако сакате да ги смените околностите, морате прво да се смените себеси. Во тоа лежи тајната.

4. Не постои такво нешто како неуспех, постои само можност за учење. Избришете го зборот "неуспех" од вашиот вокабулар. Земете ги т.н. "неуспеси" и да научете нешто од нив.

5. Дозволете си да доживеете радост. Некои луѓе се зависници од своите проблеми и хаосот во нив  толку многу што дури и не знаат како да постојат без нив. Обидете се да бидете среќни, дури и ако се работи само за мал момент. Фокусирајте се на радост, а не вашите проблеми.

6. Вие не сте жртва. Вие сте само "жртва" на вашите сопствени мисли, зборови и дела. Вие сте креаторот на вашето лично искуство. Преземете лична одговорност и сфатите дека можете да излезете од тешките времиња.

7. Работите можат, и се менуваат. Кога сме заглавени во лоша ситуација, често сметаме дека не постои начин да излеземе од истата. Мислиме дека ништо нема да се промени. Затоа престанете да мислите дека работите никогаш нема да се сменат. За секоја промена е потребно време и работа. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најскапи парфеми во светот – чинат и над 1 милион долари Најскапиот парфем на познатиот бренд Chanel е познат како Grand Exraict, а шишен...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg