12 нешта кои денешната генерација ги посакува за Нова Година
Денешните модерни генерации не се како нивните предци – не посакуваат бакнеж под имелата, нити пак нешто мало и симболично.
Со оглед на тоа што младите, а секако и возрасните се под преголем стрес, размислуваат поинаку и времето поинаку ги обликувало, тие не можат да имаат исти желби со нивните родители.
Ова се најчестите желби на т.н. „милениумската генерација“:
1. Гаранција од 50 лајкови на секоја слика постирана на Инстаграм
Иако социјалните медиуми не се сѐ во животот на младите, сепак во денешно време навистина е срамота да имаш само 10 лајка на селфи.
2. Неограничен пристап до кученца
Модерниот начин на живот е навистина исцрпувачки, па добро би било да можеме да влеземе во просторија полна со мали кученца кои веднаш ќе нѐ „нападнат“.
3. Да постоеше опција да не мораме да се будиме рано
Поради високите нивоа на стрес (кај возрасните, но и кај тинејџерите) ретко спиеме. За да успееме да постигнеме сѐ, мора да бидеме одморени. Работата/училиштето нека почнува во 10 и сите ќе бидат среќни и задоволни.
4. Да се измислат дремки на работа и да бидеме поттикнувани на тоа
Сега спомнавме колку е сонот важен, па ако имаме можност да спиеме на работа, тогаш секој би бил многу попродуктивен.
Плус, научно е докажано дека 15-минутна дремка е сосема доволна за да се наполниме со енергија и да можеме да функционираме совршено.
5. Конечно да го добиеме писмото од Хогвортс
Ако ова не ви е дел од новогодишните желби (веќе со години), тогаш вие веројатно не припаѓате на т.н. „милениумската генерација“.
6. Мапа до нашата сродна душа
Замислете да постоеше GPS кој ќе ви каже каде се наоѓа вашата сродна душа. Кога само би можеле да ги прескокнеме несмасните разговори на првите состаноци и љубовната болка, зарем светот не би бил поубав?
7. Апликација за паметен телефон која ќе нѐ спречи да пишуваме пијани пораки
За да се спасиме од неверојатно посрамување. Болката поминува, ама 20-те повици кон бившиот/ата засекогаш постојат во листата на повици.
8. Дефинитивен лек за мамурлак
Технологијата напредна до толкаво ниво, а сепак сѐ уште не можат да направат лек за мамурлак?!
9. Батеријата на телефонот да трае цел ден
Посакувате да се врати ерата на Нокиа кога ги полневме телефоните на една недела, нели?
10. Неограничен интернет на телефон
Ова е особено корисно во оние моменти кога ќе стигнеме дома и сѐ уште сме на интернетот од мрежата, а не на Wi-Fi.
11. Да може да се едитира твит откако ќе биде објавен
Замислете колку време би зачувале кога не би морале да бришеме твитови и одново да ги постираме само поради печатна грешка...
12. Да пронајдеме добро платена работа која не бара минимум 2-годишно искуство
Желбата на многу млади луѓе кои само што завршиле факултет...
С. С | Црнобело