Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 основни работи кои имаат моќ да ви го разубават животот

Животот не е лесен, многупати досега тоа се покажало и сме го слушнале. Тој претставува лавиринт од успеси и неуспеси. Сепак, она што сите треба да го правиме е да успеваме да се пробиваме низ сите ситуации кои тој ни ги приредува.

6-osnovni-nachela-koi-imaat-mokj-da-vi-go-razubavat-zhivotot-01.jpg

Универзален водич за да успеете и да проживеете најдобро што можете нема, но затоа има некои начела, по кои ако се водите, сигурно ќе го извлечете максималниот потенцијал што се крие во вас.

1. Вашето тело е вашиот храм

Доброто, среќно, одржувано и сакано тело е предуслов за исполнет и среќен живот. Никако не можете да изгледате добро ако не се чувствувате добро, а нездравата храна од рестораните воопшто не ви помага.

Хамбургерот заменете го со свежо овошје и зеленчук, а алкохолот и газираните сокови со вода.

Освен исхраната, важна улога во среќата игра и физичката активност. Иако е напорно, по вежбањето се ослободуваат исти хормони како после добар секс. Верувајте ни, маката вреди.

6-osnovni-nachela-koi-imaat-mokj-da-vi-go-razubavat-zhivotot-1.jpg

2. Одржувајте го менталното здравје

Освен физичкото здравје, подеднакво важно е и менталното здравје. Од есенцијална важност е да се одржувате психички здрави и постојано да си задавате предизвици.

Решавајте загатки, крстозбори... за мозокот постојано да биде активен.

Исто така, внимавајте на нивото на стрес. Кога чувствувате притисок, одвојте време и релаксирајте се. Правете го она што го сакате. Најважното нешто е да си одвоите време за себеси, барем половина час во денот.


3. Вистинските луѓе не се појавиле во вашиот живот затоа што не сте подготвени за нив

Ако постојано се прашувате зошто завршувате со погрешни луѓе, одговорот можеби се крие во тоа што не сте подготвени за вистинските. Можеби сѐ уште имате да научите некоја лекција и да згрешите пред тие да се појават или едноставно не сте ги сретнале.

Без разлика што е во прашање, бидете трпеливи, затоа што она што сте го заслужиле, порано или подоцна мора да дојде.

А, ако не можете да ги почекате тие да пристигнат во вашиот живот, тогаш побарајте ги вие. Една од најважната животна лекција која ќе ја научите е дека ако сакате да запознаете луѓе со интереси како вашите, тогаш барајте ги на такви места.

На пример, ако сакате да запознаете луѓе кои се обожаватели на филмови, одете во кино. Ако сакате да запознаете луѓе кои сакаат да вежбаат, одете на прошетка или во сала за вежбање. Ако сакате да запознаете љубители на класична музика, одете на класичен концерт.

Нема ништо срамно во тоа ако одете сами и попатно запознаете луѓе со кои делите мислење.

6-osnovni-nachela-koi-imaat-mokj-da-vi-go-razubavat-zhivotot-2.jpg

4. Бидете храбри и ризикувајте

Која е поентата на животот ако секогаш играте на сигурно и воопшто не ризикувате? Целиот животен век ќе ви помине без некаква вистинска возбуда и без чувство на адреналин.

Затоа, направете нешто лудо. Кажете ѝ „те сакам“ на личноста која долго време ви се допаѓа, пробајте екстремен спорт, отворете сопствена фирма... Соништата се остваруваат, само треба доволно долго и доволно силно да ги посакувате.


5. Не се откажувајте

Ништо што вреди не доаѓа лесно, па така големи се шансите пред да успееме, неколку пати да доживееме неуспех. Важно е да продолжувате да се обидувате. Никогаш не се откажувајте од вашите соништа и аспирации, без разлика која е причината. Нема доволно силна причина т.е. изговор кој може да ве спречи ако имате некаква цел.

Знаете како велат – Нештото ќе го добиете само ако доволно силно го посакувате. И не заборавајте: освен силната мотивација и желба, потребна е и многу напорна работа.


6. Ослободете се од минатото

Минатото е завршено, затоа е време да го пуштите. Ако живеете во него вие воопшто нема да ја искусите реалноста и моментите што таа ги нуди. Никогаш нема да уживате во она што го имате, туку секогаш ќе се враќате наназад. Не звучи убаво, нели?

Ослободете се од неговите канџи и продолжете понатаму со животот. Без разлика за што станува збор, минатото нема ништо ново да ви понуди. Секако дека е потребно време за да се справите со него, но по тој период, ослободете се и живејте го животот за сегашноста. Ако заглавите во минатото, целиот живот може да ви пролета и да помине покрај вас ако вие така одлучите. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...
Предмети и продукти за кои вреди да дадеме повеќе пари (корисни се) Робот правосмукалката ќе ви заштеди многу време, а квалитетниот полнач за телефо...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите Ги исмејуваат другите, но и постојано се критикуваат себеси. Ги исмејуваат др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg