Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 предлози како да го разбиете секојдневието

Често се жалиме на баналното секојдневие. На работа, дома, попатно некоја обврска и сето тоа на долг рок може да ни го падне расположението.

5-predlozi-kako-da-go-razbiete-sekojdnevieto-01.jpg

Се чувствувате незадоволно, вашето секојдневие е досадно, секој ден одите и се враќате во исто време на работа, се среќавате со истите луѓе, ја следите истата серија… време е за промени.

Што може да направите за да го смените тоа?

1. Кога последен пат сте биле на театар?

Секоја чест за исклучоците, но голем дел од луѓето забораваат на овие медиуми. Разгледајте го репертоарот на театрите и одберете претстава која ќе ве расположи според вашиот вкус.

Одберете пријатно друштво и право во театар, после претставата може да поминете во блиското кафуле и со топол чај да ја коментирате претставата.


2. Кој заборавил да оди на кино?

Со достапноста на многу филмови на интернет и телевизија речиси сме заборавиле да посетиме кино. Возбудата да го гледате филмот на големо платно и дома не е иста.

Одберете некоја премиера или 3Д варијанта која нема да може да си ја дозволите во домот. Ќе се чувствувате исполнето и ќе поминете прекрасна вечер со добар филм и кино.

5-predlozi-kako-da-go-razbiete-sekojdnevieto-1.jpg

3. Опера или балет?

Кога последен пат сте биле на балет? Тоа било во средношколските денови или пак  воопшто не сте биле. Не ја пропуштајте шансата да посетите нешто ново.

Распрашајте се која балетска претстава е најдобра во моментот на репертоарот, купете карти на време и поминете една несекојдневна вечер надвор од домот.


4. Што велите за концерт?

Сигурно се жалите на многуте обврски кои ги имате и го пропуштате концертот на вашата група. Сè почесто имаме музички имиња во нашата држава, информирајте се добро и не пропуштајте доза на адреналин во концертна сала.

5-predlozi-kako-da-go-razbiete-sekojdnevieto-2.jpg

5. Музеј или друга знаменитост во вашиот град или во соседниот

Музеите најчесто ги посетуваме како туристи во друга држава, но добро е после подолго време да видиме и нешто наше.

Доколку сте слободни може да прошетате во соседниот град, да поминете во некој музеј, спомен куќа, религиски објект, после прошетката кафе или ручек и денот веќе поминал.

Кој рече дека секогаш е досадно?

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2024-та? Ексклузивни интервјуа со ѕвезди од регионот, љубовни приказни на познати Македон...
Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...
10 забавни илустрации кои покажуваат колку се разликува животот во град и во село Кога ве мрзи да станете и да ја пуштите машината за садови, потсетете се дека не...
Уникатни работи од земјите ширум светот (а ги сакаме и кај нас) Јавни фрижидери во кои можете да оставите храна за некој друг, место за дезинфек...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg