8 типови на пријателки кои секоја девојка ги има кога излегува

Забавите и излегувањата се секојдневие во 20-те, па со нив си доаѓаат и различните пријателки во чие друштво се нашла секоја жена.

8-tipovi-na-prijatelki-koi-sekoja-devojka-gi-ima-koga-izleguva-01.jpg

Овие 8 се стандардните, за кои веројатно ќе си кажувате имиња во глава додека ги читате:

1. Девојката што е родена за драми

"Зошто дечкото на оваа девојка ме гледа постојано? Да и кажам ли нешто?", "Која е оваа и зошто ме гледа заканувачки, да не и пречам нешто?" и други вакви слични реченици слушате од пријателка која е обожавателка на драми.


2. Девојката што запознава пријателки во WC

Секој има од нас другарка во друштво која што чекајќи ред во WC се задржува 45 минути зборувајќи со девојки за кои мисли дека ја знаат нејзината сестра.


3. "Плачка"

После 5-6 пијачки, следува долго плачење и најчесто причините за тоа се зошто имало многу мраз во пијачката, зошто раскинала со дечкото пред 2 години или зошто се скарала со сестра ѝ. После дваесет минути заборава дека плачела и прашува зошто нема маскара.


4. Девојката на која што ѝ се допаѓаат сите песни

Следното утро се буди со повеќе од 12 белешки на телефонот со наслови на песни од синоќешната забава или пак името на диџејот во којшто се заљубила.


5. Девојката што започнува „длабоки разговори“

Додека чекаш такси, ред во тоалет или додека играш на подиумот доаѓа пријателката која што пробува да започне разговор на длабоки теми, како на пример зошто брат и не и крева на телефон или колку многу таа сака помфрит. Зошто причина за сите овие чувства е алкохолот?


6. Девојката која што губи апсолутно сè

Секогаш имаме пријателка која што следното утро се буди и сфаќа дека изгубила сè, освен парите кои што ги скрила во градникот. И го нема палтото, личната карта, телефонот, паричникот...


7. Пријателката која што не го напушта подиумот

Дали имате или пак вие сте таа пријателка која што се замислува дека е Бијонсе и не можат да ја извлечат од центарот на подиумот додека е со чаша вотка во раката прави карате потези?


8. Девојката која си оди многу рано

Сите ја имаме онаа девојка која што вели дека е подготвена за незаборавна вечер, а си оди после една текила без никаква причина освен тоа што не сака да биде во клубот. Најчесто си оди со изговори дека ја боли глава, стомак, има рани од штиклите или пак вели дека ќе оди само до надвор.

Автор: Штеријана

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст? Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
Навидум обични фотки кои кријат мрачни приказни Сите знаеме за детонирањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, но дали с...
Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)? Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg