Зошто сите презентерки на временска прогноза во САД носат ист фустан?
Подгответе се за уште една Твитер сензација и дебата околу еден модел на фустан. Овојпат се работи за идентичниот фустан кој го носи секоја презентерка на временска прогноза во САД.
Сите се прашуваат дали се работи за некаков облог? Или можеби презентерките имаат нова работна униформа?
Ако погледнете пореално, за презентерките на временска прогноза бирањето на гардероба може да биде тешка задача. Мораат да почитуваат дрес код, да не носат нападни принтови и отворени модели, а исто така забранети им се белата и зелена боја.
Тешко е да се најде модерен, а пристоен фустан, па од оваа причина десетици колешки презентерки имаат Фејсбук група каде разменуваат модни совети и препораки.
Минатиот месец една од нив го пронашла овој фустан на Амазон кој чинел 23 долари, а бил совршен за работата.
Отпрво немале никаков план за ист стајлинг, но откако сите го нарачале фустанот, секоја ТВ станица низ САД има идентично облечена презентерка.