Би пробале и вие? Доброволно ја ставаат раката во дупка и без да гледаат добиваат тетоважа
Скот Кемпбел е мега познат и талентиран уметник кој тетовира. Добил можност слободно да се изрази на неколку луѓе и да им направи тетоважи додека воопшто не ги гледа.
Токму така, луѓе доброволно седнуваат на стол кој е сместен веднаш до ѕид со мал отвор и во него ја ставаат својата рака. По извесен период ја вадат раката со тетоважа на неа.
Овој уметник го има тетовирано и Марк Џејокобс, познатиот моден дизајнер. Исто така, ги има тетовирано и Орландо Блум, Џош Хартнет и Пенелопе Круз.
Во брак е со актерката Лејк Бел која, иронично, нема ниту една тетоважа.
Неговиот последен проект им нуди можност на непознати луѓе да ги тетовира бесплатно, но мора да му дозволат да тетовира што ќе посака на нив. Тетоважите можат да ги видат само откако ќе ги заврши.
Само погледнете го изразот на лицето на оваа девојка: возбуда или страв?
Конечниот резултат: