Како изгледа вашата чинија? Начинот на кој јадете открива каква личност сте
Онака како што изгледот на чинијата одредува во каков тип на ресторан се наоѓате, така начинот на кој сакате да ја декорирате чинијата дома, одредува каков тип на личност сте.
Научникот Џулиет Богосиан, основачот на Foof-ology, открива како вашите навики на јадење можат да се поврзат со вашите карактеристики.
1. Еднаков простор за секој тип храна
Вие сакате сè да ви биде однапред испланирано. Дисциплинирани сте и никогаш не се откажувате од своите цели. Добро знаете кои се вашите вештини и капацитети.
2. Неуредно ја ставате храната, нема граници меѓу различните типови храна
Вие сте слободоумна личност на која лесно и оди мултитаскингот. Вие сте секогаш расположени за нови искуства. Едноставна и комуникативна личност која приоритетите си ги одредува на основа на крајните рокови.
3. Храната само ја нафрлате во чинијата за супа
Вие сте креативна личност која секогаш размислува надвор од границите на она што се чини како прифатливо. Работите секогаш ги прикажувате на другите на поинаков, убав и комфорен начин. Приоритетите ги одредувате на основа на моменталното расположение.
4. Сакате да јадете од чинијата на партнерот
Вие сте личност која е насочена кон одржување на добар однос со оние луѓе кои ги сметате за блиски. Во врската најчесто сте личност која сака многу гушкање, галење и споделување. Сакате да споделувате буквално сè како со партнерот, така и пријателите.
5. Ставате само еден тип на храна
Вие сте дисциплинирана личност која е насочена кон извршување на сите обврски. Вие сте балансирани и сталожени во сè што правите. На партнерот му посветувате неподелено внимание и уживате во сите фази од љубовта. Носите класична облека.
6. Сакате да ја редите храната една над друга (компирите и пилешкото, стануваат сендвич со компири и пилешко)
Вие сте личност на која другите можат секогаш да се потпрат. Секогаш се грижите за другите и нивните потреби ги ставате на прво место. Предвидлива личност која сака да биде сигурна во сè што прави и избегнува ризици.
7. Го јадете десертот и ручекот во иста чинија
Вие импулсивно и без многу размислување се препуштате на можностите и не се плашите од ризици. Брзоплети сте па често ви се случува подоцна да се каете за работите кои сте ги направиле. Многу често знаете импулсивно да купувате облека или предмети за домот.