Црвената боја го забавува времето: Работи кои влијаат на тоа како го гледаме светот

Сите сакаме да мислиме дека ја разбираме реалноста, но всушност најситните и најневажните работи можат да го сменат начинот на кој го гледаме светот.

crvenata-boja-go-zabavuva-vremeto-muzikata-vlijae-na-hranata-raboti-koi-vlijaat-na-toa-kako-go-gledame-svetot-01.jpg

Ова се некои примери за тоа:

Црвената боја ja забавува перцепцијата на времето

Во 2011 година, научниците од Лондон ја искористиле предноста на огромен број на посетители во Музејот на науката, да организираат еден бизарен, голем експеримент.

Тие пуштале различно обоени светла и ги барале испитаниците да кажат колку време поминало во експериментот, по нивно мислење, без да гледаат на часовник.

Откриле дека една минута трае подолго, кога го гледаме светот во црвена боја. Според авторот на истражувањето, црвената боја нè прави свесни за нашата животна средина.

Ова значи дека нашиот мозок е преплавен со детали, кои за возврат го прават времето да ви се чини дека е „побавно“.


Музиката може да влијае на задоволството што го добивате од храната

Дали некогаш сте биле во омилениот ресторан, а храната имала необјасниво лош вкус?

Веројатно вашиот природен инстинкт бил да го обвини готвачот, но постои уште една можност. На радио бил пуштен „погрешениот тип“ на музика.

Во 2012 година, истражувачите во Илиноис ги поделиле рестораните за брза храна во два дела. Во еден дел е пуштана релаксирачка музика, додека другиот дел бил оставен така како што го нашле.

Тие потоа ги следеле навиките на гостите, а потоа ги побарале да ја оценат храната.

Во делот со релаксирачка музика гостите јаделе помалку храна и уживале значително повеќе.

Следниот пат кога ќе бирате ресторани, обрнете внимание на музиката, бидејќи тоа може да се има поголемо влијание отколку што мислевте.


Стресот може да влијае на привлечноста

Некои луѓе сакаат русокоси, некои сакаат бринети, но повеќето од нас веројатно имаат „тип“ на личност кој најмногу ги привлекува.

Во 2012 година истражувачите од Универзитетот Њукасл во Велика Британија направиле експеримент - собрале 81 мажи, а 40 од нив биле подложувани на голем стрес.

Потоа им биле покажани 10 фотографии од жени со различна тежина, од многу слаби до дебели. Од мажите било побарано  да ја оценат нивната привлечност.

Резултатите покажаале, дека мажите на кои се под стрес повеќе повеќе им се допаѓале подебелите жени, за разлика од другата група на мажи, кои не биле подложни на стрес.

Овие резултати покажуваат дека мажите под притисок одбираат подебели жени. 


Кафето спречува депресија

Според истражувачите од Харвард, постои еден апсурден и лесен начин да се промени негативната перцепција.

Само треба да се напиете една шолја кафе. Истражувачите откриле дека луѓето кои консумираат една чаша кафе на ден имат намален ризик од самоубиство за речиси 50%.

Теоријата е дека кофеинот делува како благ анти-депресив, бидејќи го зголемува производството на невротрансмитерите. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg