„Еден последен пијалак, ве молам.“ - последните зборови на познатите личности
Еден последен пијалак, ве молам. Вкусот на смртта е на моите усни. Чувствувам нешто што не е од оваа земја. Дали некогаш сте се запрашале кои биле последните зборови кои ги изустиле некои од најпознатите личности низ историјата?
Последните зборови на едни од најголемите луѓе во историјата:
Џек Даниел (1846-1911)
"Еден последен пијалак, ве молам."
Џек Даниел бил американски дестилатор и основач на виски дестилерија Џек Даниелс. Тој никогаш не се оженил, ниту имал деца. Џек Даниел починал од труење на крвта на 10 октомври, 1911 година, во Тенеси.
Френк Баум (1856-1919)
"Сега веќе можам да поминам низ лебдечките песоци."
Френк Баум е американски автор, поет и драмски писател, најмногу познат по книгата „Волшебникот од Оз“. Магичната Земја Оз е опкружена со пустина. Секој што ќе остане во пустината ќе се претвори во песок. Тој своите последни зборови и ги кажал на сопругата, осврнувајќи се на Земјата на Оз.
Моцарт (1756-1791)
„Вкусот на смртта е на моите усни. Чувствувам нешто што не е од оваа земја."
Волфганг Амадеус Моцарт компонирал повеќе од 600 дела. Тој е еден од најпознатите и најпопуларните класични композитори. Моцарт бил дете гениј, а своето прво дело го напишал на возраст од пет години. Починал на 5 јануари, 1791 година, на возраст од 35 години, по кратко боледување.
Оскар Вајлд (1854-1900)
"Мојата позадина и јас се бориме до смрт. Едниот или другиот мора да си оди."
Ирски драмски автор и поет. Тој напишал голем број раскази и една новела. Вајлд бил познат по неговата духовитост. Тој ја стекнаал славата кон крајот на 19-от век, но доживеал драматичен пад откако бил осуден за хомосексуалност и затворен две години. Тој умрел од церебрален менингитис на 30 ноември, 1900 година на 46-годишна возраст.
Малком Икс (1925-1965)
„Браќа! Браќа, ве молам! Ова е куќа на мирот!"
Малком Икс бил афроамерикански муслимански министер, оратор и активист за човекови права. Тој е опишан како еден од најголемите и највлијателните афроамериканци во историјата.
Во текот на 1950-тите и 60-тите години, Малком Икс станал член на Нацијата на исламот и еден од лидерите на организацијата, како и главен оратор. Помалку од една година по неговото заминување од Нација на исламот, тој бил убиен додека одржувал говор во Менхетен.
Боб Марли (1945-1981)
„Парите не можат да го купат животот."
Боб Марли бил пејач, текстописец и гитарист на реге бендот Bob Marley & The Wailers. Тој е заслужен за ширење на јамајканската музика во целиот свет.
Во јули 1977 година, додека бил на третман поради повреда нанесена за време на пријателски фудбалски натпревар, му била откриена форма на малиген меланом на палецот на ногата.
Одбил ампутацијата, а меланомот се проширил на неговите бели дробови и мозок. Тој починал во болница во Мајами на 11 мај 1981 година.
Џорџ Харисон (1943-2001)
"Сакајте се!"
Џорџ Харисон беше британски рок-музичар, пејач-текстописец и гитарист на Битлси. Тој често бил нарекуван „тивкиот Битлс". Во доцните 1990-ти Харисон добил рак на грлото. Починал на 29 ноември, 2001 година. Неговите последни зборови биле снимени од страна на неговата жена.
М. А. | Црнобело