Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дедо Мраз ќе слабее

dedo-mraz-ke-slabee-povekjeСедиот и буцкаст Дедо Мраз наскоро би можел да биде заменет од многу помлад и повиток колега, бидејќи големиот стомак и возењето во удобните...

 

...санки не се најдобар пример за децата.

"Постои врска помеѓу земјите кои го почитуваат Дедо Мраз и оние во кои е висок процентот на гојазни деца, затоа би му било подобро да држи диета и да оди пешки или со велосипед." вели Нејтан Грилс во една студија објавена во магазинот "British Medical Journal".

dedo-mraz-ke-slabee

Иако Нејтан смета дека е прерано да се тврди дека тука постои причинско-последична врска, тој сепак смета дека Дедо Мраз праќа порака дека гојазноста е синоним на доброто расположение.

Во некои земји на Дедо Мраз, традиционално му се оставаат колачиња и алкохол, бидејќи е познат како некој кој многу сака да јаде и да се напие по некоја чашка. На ова, Грилс вели дека имиџот на Дедо Мраз треба да се смени со тоа што наместо колачиња и алкохол луѓето би му оставале целер и моркови кои би ги изел заедно со ирвасите.

Уште нешто што Грилс го приметил е тоа дека на некои честитки Дедо Мраз пуши луле, што исто така остава впечаток дека тоа е во ред: "Ако оној кој има 99 години, пуши и здрав е, тогаш зошто не би можеле и децата да запалат?"

Како резултат на ова Дедо Мраз, според Грилс, треба да биде: Виток маж кои се бави со спорт како би бил во форма за тешкиот напор кој го очекува во текот на празниците.

Се сомневаме дека новиов имиџ ќе му прилега на Дедо Мраз затоа што тој отсекогаш бил буцкаст сед старец. И таков и си го сакаме!

Би можело да ве интересира:

Историски фотки од значајни луѓе и настани кои ќе ве замислат Последната фотографија од Ана Франк, изразот на Французин кој првпат пробува Кок...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2024-та? Ексклузивни интервјуа со ѕвезди од регионот, љубовни приказни на познати Македон...
Херои од реалноста кои си го жртвувале животот за да спасат други (и не треба да ги заборавиме) Џозеф Бланкстон од Нигерија загинал додека спасувал патници од брод кој почнал д...
„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
14 актери кои не се плашат да се трансформираат до непрепознатливост за улога (фото) Од Вилем Дефо, преку Антонио Бандерас до Деми Мур - некои актери не се плашат да...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg