За мојата постара пријателка

Да, со таа пријателка разговорот ми тече како вода. Таа има години колку мојата мајка, а не ми е мајка. Таа има искуство и поминала многу и не се срами да го каже секој детаљ од нејзиниот живот.

za-mojata-postara-prijatelka-01.jpg

Зачудувачки и јас ѝ се доверувам, бидејќи знам дека нема да добијам банален средношколски совет, туку нешто што е поткрепено со долгогодишно искуство.

Таа ме разбира совршено за сè што ќе ѝ кажам, бидејќи го има поминато сето тоа што јас го поминувам сега. Секој мој проблем гледан од аспект 20 години подоцна е многу помал.

И учам, постојано учам. Таа има поминато неколку професии, дел успешни, дел неуспешни, имала и успешни и неуспешни врски. Видела многу - големи и мали, слободни и заробени, богати и ситни души. И секоја средба со таквите ѝ дала поука која таа денес ми ја пренесува.

za-mojata-postara-prijatelka-2.jpg

А, јас не се бунам, само примам од искуството и го градам своето за еден ден да биде пренесено.

Таа ми го кажува сè она што ми го кажува мојата мајка, но и нешта кои мајка ми ги крие од мене за да ме заштити, затоа што е мајка и не сака да ме пушти во оган.

А, оваа пак немилосрдно ме пушта да се изгорам, за да почувствувам, за да откријам, да видам како боли, па да ми ја преврзе раната со убав збор, а не со прекор.

Разговорот со неа секогаш ме опушта, за разлика од разговорите со моите врснички. Нивните разговори понекогаш се здодевни, затоа што се исти со моите, сме се нашле во исто небрано, па бараме излез, ама не секогаш го наоѓаме.

И многу ќе помислат една е мајката. Да, се согласувам, но понекогаш е добро да се има една поинаква личност во животот која има одговор за сè.

Поздрав до мојата постара пријателка!

Имате ли вие по една таква личност во својот живот?

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците) Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се...
Нијанса на праска ќе доминира во 2024 – Pantone ја прогласи Peach Fuzz за боја на годината (фото) Нежна нијанса на праска која дава внатрешен мир и ни буди емпатија – институтот ...
Забавни фотки што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Имате ли претстава колку големи биле пропелерите на Титаник? А, знаете ли како и...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg