Како настанале тетоважите?
Историјата на тетовирањето е стара пет илјади години. Тетоважите се прават со игли и боја која се нанесува под кожата. Се верува дека првите тетоважи настанале случајно.
Наводно, некој некогаш имал рана која ја намачкал со пепел и чад. Кога раната исцелила, под кожата му останал траен белег и така настанале тетоважите.
Во 90-тите години на минатиот век пронајдено е тело, кое според некои проценки е старо илјадници години. Телото било пронајдено во планините меѓу Австрија и Италија, а поседува дури 57 тетоважи.
За ова сведочи и случајот во Русија, кога археолог Сергеј Руденко во 1948-та година на 150km северно од границата на Русија и Кина пронашол тело старо 2400 години полно со тетоважи со ликови на разни животни, грифони и чудовишта.
Се смета дека овие тетоважи имале магиско значење.
Тетовирањето се поврзува со многу древни народи. Се верува дека го практикувале Египќаните, дури и две илјади години п.н.е., а најстарите јапонски тетоважи се забележани дури и пред три илјади години п.н.е.
Држави во кои тетовирањето било традиција со векови биле Индонезија, Нов Зеланд, Индија, Полинезија, па дури и некои европски земји како што се Грција, Франција и Англија.
Тетоважите кои ги правеле древните народи во главно биле дел од обредите, додека нивната улога денес е главно декоративна.
Автор: М.A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





