Од страв до старост: што сé можеме да намирисаме?

Луѓето имаат многу способности, една од нив е да намирисаат разновидни миризби. Ова се нарекува егоцентрична локализација, односно способност за детектирање на миризби од насоката од која доаѓаат.

od-strav-do-starost-shto-se-mozeme-da-namirisame-01.jpg

На пример, можеме да намирисаме колку е некој стар. Звучи неверојатно, нели?

Истражувачите земале примерок од мирис на пазуви од старите лица. Тие примероци биле дадени на волонтери да ги помирисаат. Повеќето без проблем ја разликувале миризбата на луѓе над 75 години.

Сепак, тоа не значи дека старите лица мирисаат лошо, напротив, се работи за негативна стигма која произлегува од стравот од староста.

Миризбата може да не разбуди. Се подразбира, нема ништо поубаво од мирис на свежо кафе наутро. Самиот мирис на кафе ослободува во мозокот протеини кои го штитат телото од стрес.

od-strav-do-starost-shto-se-mozeme-da-namirisame-2.jpg

Можеме да го намирисаме стравот. Се работи за инстинкти.

На пример, доколку некој чувствува страв или паника, истите можат да се рашират на сите членови на групата. Така нивните акции и чувства се усогласени. Истото можеме да го забележиме и кај животните.

Жените ја имаат способноста да ги намирисаат мажите, односно нивните хормони. Во еден експеримент, голем дел од испитаничките ја почувствувале миризбата на пот додека заинтересираните мажи им се „пуштале“.

И мажите имаат способност за добро мирисање. Тие можат да намирисаат кога жената овулира. Научниците за потребите на експериментот на испитаниците им дале кошули кои ги носеле жени кои овулирале. Резултатот покажал дека тие мирисале подобро од кошулите на жени кои не овулирале.

od-strav-do-starost-shto-se-mozeme-da-namirisame-3.jpg

Можеме да намирисаме од која насока доаѓа одреден мирис.

Добрата вест за сите студенти е дека со мирис може да добијат подобра оценка на испитот.

Чувството за мирис е поврзано со меморијата. Затоа, миризбите кои ги чувствувавте кога учевте треба да ги исценирате за време на испитот.

Сексуалните партнери ги одбираме според составот на компатибилноста на ткивата, што се нарекува МХЦ. Овие молекули се борат против вируси, бактерии и паразити.

Доколку МХЦ на партнерот е различен од нашиот, постои можност заедничкото дете да има посилен имунолошки систем. Интересно е што самото сетилото за мирис ни помага при избор на компатибилен партнер.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести Лицата со боантропија веруваат дека се животно, како крава или бивол, и некогаш ...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
20 фотки кои ќе ве предомислат ако мислите дека не ви треба летен одмор Ако мислите дека не ви е потребна малку релаксација од работата и да отпатувате ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg