Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да направите фотографии како професионалец?

Дигиталната фотографија може да биде застрашувачка кога сте почетник со сите збунувачки контроли, опции за персонализација и сл. Постојат многу трикови кои можете да ги научите, а нивната примена во пракса и самостојното истражување ќе ви донесат најдобри резултати.

kako-da-napravite-odlicni-fotografii-kako-profesionalec-01.jpg

Изберете локација

Секогаш е добро да се избегнат локации кои се пренатрупани. Доколку сликате  на овие локации ќе имате проблем со фокусот кој нема да биде на лицето, туку на објектите околу него.

Истото важи и за фотографирање во затворен простор. Најдобри се едноставните позадини во кои доминираат исти или слични тонови.

Фокусирајте внимателно и проверете го фокусот пред да сликате, бидејќи сликите можат да испаднат матни и нејасни.


Осветлување

Доколку објектот што го сликате е во сенка, осветлете го. За ова ви треба парче бела хартија.

Парчето хартија поставете го така што сончевата светлина (или било кој друг извор на светлина) ќе се рефлектира на личноста која ја фотографирате.

Но, ни премногу светло не е добро. Затоа, ако е многу светло и сончево надвор, сликајте ги вашите објекти под сенки на дрвја или згради.

Професионалните фотографи велат дека најдобро време за сликање е попладне. Тогаш позицијата на сонцето е најдобра за правење на одлични фотографии.


Композиција

Каде да ја лоцирате личноста што ја сликате? Во средина на фотографијата или малку на лево или на десно? На вас е да одлучите.

Луѓето изгледаат најдобро доколку во кадарот се фатени само главата и делот од рамената. Нема ништо лошо во тоа ако објектот што го сликате е на средината на кадарот.

Сепак, обидете се понекогаш да го поставите на една страна, лево или десно, со тоа ќе добиете динамична композиција.

Кога ги сликате луѓето натерајте ги да се вклучат во некоја активност. Спонтаниот изглед е секогаш подобар од очигледно наместениот кадар, бидејќи е природен.

Држете го апаратот мирен или користете стативи. Мирното држење на апаратот е основа за остри и чисти слики.


Не се откажувајте

Никогаш не треба да се откажете. Секако дека првите неколку месеци нема да вадите одлични фотографии, но со текот на времето, со вежбање и искуство ќе забележите подобрување.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 бон-тон правила што треба да ги почитувате во италијанските ресторани Јадете леб со тестенините и нарачувате капучино со ручекот – Кои се најчестите г...
Секојдневието на жените, низ забавни илустрации Секоја жена со ретка коса знае колку е тешко да се направи тренди фризура, а и в...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите моло...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg