Важни работи кои треба да ги откриете во вашите 20-ти години
За време на вашите тинејџерски години се градевте себеси како личности, a 20-тите години се време кога треба да ги утврдите вашите навики и карактеристики.
Инвестирајте во себе, спознавајте се, сега се годините кога тотално можете да се посветите на себе-надградувањето.
20 работи за кои треба да размислите и да ги дознаете за себе, додека не сте дошле до 30-та:
1. Дознајте што ви го нарушува расположението
Многу е важно да знаете што ве прави нерасположени, за да можете да преземете нешто пред тоа да ви го уништи денот. На пример: Можете да сте ненаспани, но не и ненајадени. Кога сте гладни можеби се претворате во „Круела де Вил“.
2. Знајте си ги хобијата и желбите
Многу е важно да имате хоби и да го практикувате. Исто е и со работите кои сакате да ги правите. Ако не најдете место за нив ќе станете оптоварени и ќе го изгубите вашиот центар, а центарот е многу важен за да го одржите балансот. Затоа ако сакате да пишувате или да цртате, правете го тоа!
3. Треба да знаете што сакате од врските
Не важно дали сакате некој верен, секси или некој со стабилна работа, важно е да знаете што сакате и да не го трошите времето на она што не го сакате, туку да се фокусирате на работите кои ги сакате.
4. Откријте каде сакате да бидете за 5 години
Нема потреба за знаете сè, меѓутоа е добро да имате цели. Замислите стануваат реалност. Па, поставете си цели и работете!
5. Знајте си ги слабостите и признајте си ги недостатоците
Скромноста е доблест и тоа огромна! Кажете дека сте погрешиле, извинете се, наместо да бидете тврдоглави.
6. Знајте си ги силните страни и сочувајте ги
Секој си има силни страни и токму затоа треба да ги познавате и да работите на нив.
7. Дознајте што ве прави да се чувствувате одлично
Да одите во теретана, да си ги лакирате ноктите, да патувате? Што било... Она што ве прави среќни е изборот!
8. Знајте кои се вашите најдобри пријатели
Точно разграничете си ги најдобрите пријатели од пријателите за журкање и познаниците. Со оние кои ви се пријатели за журкање нема да ги споделите вашите тајни.
9. Разберете што ви кажува телото
Спијте ако ви се спие, пијте вода ако ви се пие, чудно се чувствувате – одете на лекар. Грижете се за себеси. Доволен е стресниот живот кој го живееме, не ви е потребно и лошо здравје.
10. Знајте кога треба да паузирате
Многу е важно да знаете кофа треба да земете време за себе и да се опуштите. Вие сте број еден и треба вашите приоритети да ви бидат пред туѓите, почнете и да се однесувате така!
11. Слушајте
Мора да научите кога треба да премолчите и само да слушате. Не за џабе имате 2 уши и една уста.
12. Проценете кога треба да се изборите за нешто во кое верувате
Ако во нешто верувате тогаш треба да знаете кога и да се изборите за тоа и да кажете дека со нешто не се сложувате. Сторете го тоа со почит и љубезно. Секој има право на свое мислење, така и вие. Можете од секого да научите по нешто и другите можат да научат многу работи од вас.
13. Не очекувајте ништо за возврат
Постојат толку многу луѓе и животни на светов на кои можете да им помогнете, направете го тоа и не барајте никогаш ништо за возврат. Тоа го правите затоа што тоа е правилно.
14. Откријте во што верувате
Дури да не верувате во ништо, знајте зошто е тоа така и стојте цврсто зад тоа.
15. Морал
Колку повеќе ги вежбате вашите морални вредности, толку посилни станувате. Вежбајте искреност и ќе кажувате со помалку лаги.
16. Запознајте си го семејството
Распрашајте се од каде потекнувате, како се запознале вашите баба и дедо, прашајте ја мајка ви што сакала да прави кога таа била на ваши години.
17. Знајте кога треба да давате, а кога да примите
Супер е кога некому нешто му подарувате, но тоа не смее да биде еднострано. Секогаш мора да биде изедначено.
18. Научете да побарате помош
Понекогаш мигови мора да си ја сокриеме гордоста и да побараме помош.
19. Треба да знаете кога да заштедите, а кога да трошите
Заштедете ако треба да штедите (ако имате долг или сметки за плаќање) и трошете ги кога треба да ги трошите, купете си книга, патување или некој подарок кој вам посебно ви значи.
20. Знај дека си еден и единствен на светот друг ТИ не постои
Никој не мисли исто како вас, не се однесува како вас и никогаш нема да биде баш ист како вас. Зачувајте си го секое делче од вас и вежбајте да се сакате себеси!