Канаѓаните преферираат сланина повеќе од секс: Социолошки истражувања со неочекувани резултати
Благодарение на бројните истражувања спроведени секоја година, можеме да добиеме многу информации за начинот на кој функционира нашето општество. Преку овие истражувања сме во можност да ги забележиме новите трендови, општите насоки и начинот на размислувањето.
Но, некои социолошки истражувања покажале неочекувани резултати.
Голем број на луѓе фантазираат за убиства
Еволуцискиот психолог Дејвид Бас создал анкета на неговиот Универзитетот во Тексас, Остин. Во оваа анкета тој открил дека 75% од студентите барем еднаш имаат фантазирано за убиство, па решил оваа истражување да го прошири глобално.
Неговите резултати откриваат дека 91% од мажите и 84% од жените фантазирале да убијат некого.
Бас заклучил дека "убиството е фундаментално во нашата природа, бидејќи во текот на еоните на човечката еволуција убиството било корисно поради репродуктивната конкуренција."
Покрај тоа, Бас заклучил дека мажите со поголема веројатност би убиле, доколку станат понижени.
Британските тинејџери мислат дека Шерлок Холмс бил вистинска личност
Постои мислење дека денешните тинејџери не знаат да разликуваат вистински историски личности од фиктивни ликови. Една група на истражувачи решиле да го стават тоа тврдење на тест.
Анкетирани се 3.000 британски тинејџери со прашања поврзани со историски личности.
На пример, 47% од учесниците во студијата сметале дека кралот Ричард Лавовско Срце бил измислен лик. Во друго прашање, поврзано со Шерлок Холмс, неверојатни 58% од учесниците кажале дека тој е вистинска историска личност.
Истражувачите, исто така, ги прашале учесниците колку често тие читаат книги по историја. 77% од испитаниците одговориле дека не читаат книги за историјата.
Просјаците во Орегон заработуваат цело богатство
Во 2008-та година, полицијата во Орегон решила да направи една анкета со просјаците. Биле изненадени од она што го откриле.
Просјак што седи до влезот на големите продавници може да заработи до 300$ на ден.
Според полицијата, повеќето од луѓето што просат живеат во градот и имаат куќи.
Канаѓаните преферираат сланина повеќе од секс
Според едно истражување спроведено во 2010-та година, 43% од Канаѓаните ќе изберат сланина пред секс, доколку мора да одберат.
Мажени жени пијат повеќе алкохол
Едно истражување од 2012-та откри дека мажите во брак всушност пијат помалку алкохол од жените во брак.
Еден асистент професор на Универзитетот во Синсинати ја има спроведено оваа студија. Тој интервјуирал 120 лица во брак, разведени и вдовици.
Информациите што ги добил кажуваат дека мажите пијат повеќе алкохол после разводот, а помалку додека се во брак, додека жените пијат повеќе алкохол додека се во брак.
Автор: М.A. | Црнобело