Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што мириса најубаво?

shto-mirisa-najubavo-povekjeМирисот на свежо испечен леб е на врвот на листата на најубавите мириси на светот, а веднаш зад него се наоѓаат мирисите на чиста постелнина и свежо...

 

...искосена трева, покажа најновото истражување.

Исто така за британците еден од омилените мириси е и оној на националниот специјалитет од риба и пржени компирчиња, прочуениот „fish and chips“, како и мирисот на свежо сомелено кафе и воздухот после дожд.

Кога станува збор за најнеубавите мириси пак на самиот врв на листата е смрдеата од повраќаница, потта и мирисот на јавните тоалети. Чувство на мачнина исто така предизвикуваат и мирисот на испотени стапала, чад од цигари, мирисот на контејнер и влажните кучешки влакна.

shto-mirisa-najubavo

Психологот, доктор Pamela Dolton објаснува дека луѓето различно реагираат на мирисите кои можат да поттикнат носталгија кон минатите времиња.

„Врската помеѓу мирисите и помнењето е навистина силна, но секој различно реагира на мирисите во зависност од сопствениот карактер.“

Истражувањето исто така покажа дека мирисите можат да ги прават посреќни 92% од жените и 80 % од мажите. Сепак додека жените велат дека мирисот им ја враќа насмевката на лицето затоа што ги потсетува на саканата личност, мажите сакаат мириси кои кај нив предизвикуваат чувство на возбуда.

Изненадувачки е фактот дека цели 94% од мажите изјавиле дека им е многу важно како им мириса домот.

2/3 од испитниците, посебно од машкиот пол, никогаш не би му кажале на својот пријател или колега дека смрди.

Според истражувањето, десетте најубави мириси на светот се:

1. Свежо испечен леб
2. Чиста постелнина
3. Свежо искосена трева
4. Свежо цвеќе
5. Свежо сомелено кафе
6. Свежиот воздух после дожд
7. Мирисот на ванила
8. Мирисот на чоколадо
9. Пржена риба и компирчиња
10. Пржена сланина

Би можело да ве интересира:

Оставете ги да плачат и уште 5 психолошки совети за утеха на блиските кои доживеале трагедија Не ги спречувајте во плачењето - оставете ги да си ги испразнат емоциите. Не се ...
8 фрази кои оставаат впечаток на помалку интелигентна личност ако често ги изговарате (дури и несвес... Размислете, колку пати сте сакале да префрлите вина на некој друг? Дали прерано&...
9 трендови на живеењето на утрешнината (ќе користиме AI, ќе бегаме од брзиот живот) Популаризирање на места кои се скриени дијаманти, поради напорноста на препосете...
13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео) Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg