Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како се дегустира виното?

kako-se-degustira-vinoto-povekjeСигурно се прашувате што прават всушност дегустаторите кога ја вртат чашата, го мирисаат и лизнуваат виното. Факт е дека виното некогаш било...

 

...достапно само во исклучителни прилики, но денес сите ние можеме секојдневно да уживаме во неговиот прекрасен вкус.

Еве неколку практични совети за дегустација кои се надеваме дека ќе го зголемата вашето уживање во виното.

1. Набљудувањето на виното

Наполенете една третина од чашата. Држете ја чашата за издолжениот дел бидејќи така најдобро ќе ја видите бојата на виното. Истовремено отисоците од вашите прсти на чашата нема да ја замаглат бојата на виното, а топлината на вашата дланка нема да ја промени температурата на виното (важно за дегустацијата).

kako-se-degustira-vinoto

Сконцентрирајте се на нијансата, интензитетот и бистрината на бојата на виното. Вистинската боја или нијанса на виното најдобро се проценува ако ја набљудувате површината на виното. По работ на чашата ќе можете да ги забележите варијациите од најдлабокиот дел на течноста.

2. Лесно кружење со чашата

Со нежно кружење на чашата придвижете ја површината на виното. Дајте му можност на виното да ослободи малку арома. Движете ја чашата додека виното се придвижува и доаѓа да самиот раб, а потоа застанете. Завземете правилно држење на чашата.

Кога течноста ќе се смири треба на рабовите од чашата да остане тенок провиден слој, како масло. Ова покажува колку алкохол има во виното. Колку повеќе алкохол, толку повеќе „замагленост“ на чашата.

3. Мирисот на виното

Кога ќе завршите со кружењето на чашата и додека „маслото“ се цеди по рабовите, време е да го помирисате виното и да ја почуствувате неговата арома. Приближете се до чашата и вдишете кратко 2-3 пати и обидете се да ја задржите аромата. Професионалците на овој начин наједноставно ја откриваат сортата на виното.

4. Вкусот на виното

Кога ќе го почуствувате мирисот на виното, време е да го вкусите. Напијте се мала голтка. Ќе треба да ја задржите во устата затоа не пијте преголема голтка.

Задржете ја во устата 10-15 секунди и обидете се да го извлечете вкусот. Убаво промешајте го виното низ устата за да може да го почувствувате вистинскиот вкус.

И за крај, не заборавајте откако ќе го голтнете виното да издишете полека низ нос и уста, за повторно да ја почуствувате аромата.

Колку е виното подобро, поиздржано и поквалитетно толку подолготрајна ќе биде неговата арома. Уживајте во дегустацијата. Велат колку подобро знаете да дегустирате толку поголемо е уживањето!

Би можело да ве интересира:

5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
Иритантни правила на однесување кои жените ги трпеле со години, но веќе се заборавени Жените не смееле да имаат долги нокти, од нив не се очекувало да работат ниту да...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
13 фотки поради кои ќе посакате да ја посетите Јапонија Уметност на уличните шахти, бајковити места кои изгледаат како од цртан филм … ...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg