Моќта на Интернетот: Пронајдена вљубената мистериозна двојка (фото)
Сиднеј претставува одлично место за правење на неверојатни фотографии на неочекувани места и во неочекувани ситуации. Така, Сем Јелдам го фатил совршениот момент помеѓу еден пар за време на нивната свадба пред да започне силно невреме.
„Фотографирав за да направам тајм лапс секвенца од фотографии за да го фатам невремето во пред заоѓањето на сонцето кога случајно налетав на парот“ – вели Јелдам.
„Невестата носеше прилично долг фустан и се обидуваше да го заштити од водата. Нејзиниот маж се обидуваше да и помогне во борбата со ветрот“ – продолжува тој.
Успеал да направи неверојатна фотка од нив, но не знаел точно кои се, ниту пак имал можност да им се претстави, бидејќи по краток период исчезнале пред да успее да им се претстави.
„Си заминаа пред да успеам да земам некакви информации од нив“ – вели Јелдам.
Јелдам очајно сакал да ги сподели фотографиите од нивното прво заедничко зајдисонце, па решил да побара помош од социјалните мрежи.
За краток период, преку Инстаграм, успеал да ги најде додека тие биле на нивниот меден месец на Хаваи.