Дали сте добра девојка? Дамски правила кои секоја жена ги прекршува
Да бидеш „дама“ воопшто не е лесно. Добрите девојки треба да внимаваат што зборуваат, како разговараат, што носат на себе...
Но, токму од таа внимателност повеќето девојки и жени одбиваат да живеат по правилата.
Ова се основните 6 дамски правила кои сигурно и вие ги кршите секојдневно, но не треба да се грижите.
1. Не ги криете прерамките од градникот
Секоја маица си бара различен градник, а ретко кој има време и пари за тоа. Ако под облеката ви се ѕирка некоја прерамка, тоа не е ни малку дамски, но барем е удобно и сосема нормално.
2. Воопшто не носите градник
На овој начин убивате две муви со еден удар - удобно ви е и се ослободувате од притисокот да не ви ѕирка некоја прерамка. Веројатно постарите генерации ќе ве гледаат со осудување, но на кој му е грижа.
3. Не се шминкате секојдневно
Вистинската дама секогаш мора да биде дотерана и средена. Не. Вистинските девојки не се робови на одредени навики и очекувања, па немаат проблем да излезат од дома без пудра на лицето ако така се чувствуваат.
4. Ја носите косата собрана во несредена пунџа или реп
Правилото за шминката важи и за косата, но сите знаеме дека за времето додека направите совршен кок или локни можете да испиете кафе со пријателките. Заврзете го репчето и никому ништо.
5. Не се извинувате за секоја ситница
Веројатно и вие со години се трудевте да бидете добра девојка и понизно се извинувавте за се и сешто. Но, кога сфативте дека животот е ваш, престанавте. Големо браво.
6. Пцуете
Ова е најлошата женска карактеристика, ако ги прашате дамите. Но, зошто би кимале со главата ако сте нервозни?
Би можело да ве интересира:





