Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Музика за расположение

muzika-za-raspolozenie-povekjeСлушањето весела музика, не само што помага да се чувствувате посреќни и безгрижни, туку и прави да се чувстувате како сите околу вас да се исто...

 

...така расположени, пишува британски Telegraph.

Научниците од универзитетот Goldsmiths во Лондон направиле истражување и дошле до заклучок дека само 15 секунди слушање на весела музика, е сосема доволно вашето расположение да се подобри.

muzika-za-raspolozenie

За време на студијата, испитаниците слушале различен вид на музика, џез, поп, класична музика, а после 15 секунди слушање на инсерти, го оценувале расположението според лицата од фотографиите.

Резултатите покажале дека веселата музика значително влијае на мислењето на волонтерите за расположението од лицата на фотографиите, па поголемиот број од нив одговориле дека тие личности се многу среќни и задоволни.

Понатамошните студии покажале дека влијанието на веселата музика врз мозокот е инстантно.

Потребно е само 50 милисекунди за расположението да се смени и тоа е нешто што поединецот не може да го контролира.

Наспроти тоа, слушањето депресивна музика влијае лошото расположение уште повеќе да се влоши.

“Она што многу изненадува е фактот дека само 15 секунди слушање весела музика може да доведе до значителни промени на расположението и да влијае врз нас на начин да ги гледаме сите околу нас среќни и расположени. Потребни се уште истражувања за да добиеме податоци за тоа колку тој учинок трае, како и колку е човекот способен сам да ги контролира тие емоции” изјави Joydeep Bhattachary, еден од научниците кој учествувал во истражувањето.

Студијата е објавена во списанието Neuroscience Letters, а научниците сакаат да спроведат студија, со која би откриле какво влијание на луѓето има музиката што доаѓа од “позадина”, како на пример, музиката која се пушта во супермаркетите и продавниците.

Би можело да ве интересира:

Фотки од луѓе кои „станале на лева нога“ (и денот им поминал полошо од вашиот) Замислете миленикот да ви го изеде и уништи пасошот два дена пред да одите на па...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Фото-докази дека Турција е земја полна со изненадувања Во Турција се пие ајран со секој оброк, а на пазар наместо семки, можете да купи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg