Сонот - фитнес за мозокот
Психолозите веќе подолго време шпекулираат околу тоа кои се причините поради кои сонуваме. Соновите може да бидат многу комплексни, реални...
... но и надреални поради што поголем број на луѓе мислат дека позади нив, стои некакво значење.
Но, зошто всушност сонуваме?
Нова студија вели дека дека сонот е вистински фитнес за мозокот. Професиналецот кој се занимава со соновите и спиењето J. Allan Hobson, тврди дека соновите би можеле да бидат начин на кој мозкот се подготвува за се она што не чека кога ќе се разбудиме.
Но што ако примарната причина за тоа зошто сонуваме воопшто не е од психолошка природа? Др. Хобсон, психијатар и долгогодишен истражувач на соновите на Харвард, тврди дека главната функција на РЕМ фазата, кога најмногу се сонува, е од физиолошка а не од психолошка природа.
"Тоа објаснува многу работи, како и зошто поголем број од луѓето забораваат на соновите", вели др. Хобсон.
"Тоа ви е нешто како џогирање - телото не го памети секој чекор ама знае дека вежбало. Истиот принцип е употреблив и овде: сонот го припрема мозокот за свесност".
Комбинирајќи ја својата работа со работата на своите колеги од иста област, др. Хобсон тврди дека сонувањето е процес паралелен на свесноста кој функционира како и кога сме будни, но кога сме будни - е потиснат.
Оваа теорија ги менува претпоставките за секојдневното (и за време на ноќта) функционирање на мозокот. Бројни досегашни студии се базираа на некакви психолошки претпоставки, каде имаше многубројни обиди за сместување на соновите и сознанијата во делот на психолошката област.