Што нè прави среќни во животот?
Фокусот на позитивните аспекти на нашиот живот е еден од клучните предуслови за среќен живот. Ако умеете да го препознаете она што е добро во вас ќе умеете да ја препознаете и добрината на светот, односно да учите да ги прифаќате луѓето околу вас онакви какви што се.
Постои можноста да ги прифатите дури и оние карактеристики кои вообичаено не би сакале да ги поседувате.
Дали ви се познати изјавите: „Јас тоа никогаш не би го направил/а“, „Тоа не сум јас“ или „Ова воопшто не личи на мене“?
Ако се условувате себеси со вакви или слични фрази постои можноста да се насочите на пат на осудување на себеси и да започнете да се наметнувате уверувања за тоа како треба да изгледате.
Овој процес станува посебно значаен и забележлив во периодот на премин од тинејџерските години кон зрелото доба, кога настануваат голем број на некорисни уверувања со кои донесуваме одлуки и правиме избори со кои најчесто не сме среќни.
Длабоко во секој од нас лежи свеста дека ние сме многу повеќе од она што го покажуваме на светот, а кога нашата свест прави подлабоки размислувања околу тоа, започнувате да откривате работи кои не секогаш ќе ви се допаднат, но се дел од вас.
Работите не се секогаш црно-бели. Колоритот претставува уште еден аспект од нашиот живот кој треба да го прифатиме за да ги искористиме сите животни можности. Тоа подразбира да ги прифатиме и оние работи кои се обидуваме да ги сокриеме, негираме и игнорираме.
Веројатно ви се случило да одлучите да бидете ладнокрвна и мирна личност, но веднаш потоа неконтролирано сте се претвориле во кралица на драмите...
Тоа е така затоа што секој од нас ги поседува спротивставени карактеристики кои упорно се обидуваме да ги негираме, но секоја екстремно спротивна психолошка карактеристика може многу бргу да премине во својата чиста спротивност.
Ако успееме да ги прифатиме и нашите непривлечни страни, добиваме можност да дознаеме до каде одат нашите граници. Кога вистински се прифаќаме себеси, палетата на нашите емоции и карактеристики, не дозволуваме уверувањата кои ни се наметнати да одредуваат што ќе бидеме.
Подготвени сте да ги откриете вашите можности?
Би можело да ве интересира:





