Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто удирањето на малото прсте или лактот боли како да ви „излегуваат цревата“?

Се вели дека болката е релативна работа, но сите добро знаат што значи да го удрите малото прсте на нозете или од крајот на масата да го удрите лактот. Постојат места на телото кои може да предизвикаат неизмерна болка, но зошто?

zoshto-udiranjeto-na-maloto-prste-ili-laktot-boli-kako-da-vi-izleguvaat-crevata-01.jpg

За разлика од ситуациите во кои нешто ве боли подолг период, малите удари или исекотини инстантно го преплавуваат телото со чувство на болка од која поголемиот дел од луѓето посакуваат да вриснат на целиот глас.

Еве зошто таквите повреди ве тераат да заплачете:


1. Гризнување на јазикот

Кога ќе си го гризнете јазикот со забите ја пробивате мускулната мембрана, а тоа може да ве заболи до граница на неподносливост. Причина за тоа е што мускулите на во устата се едни од најсилните мускули во целото тело.

Истражувањата покажале дека мускулите во вилицата може да произведат сила од 25 до 100 килограми, во зависност од тоа со кој заб го гризнувате јазикот.

Во најлош случај ако си ја пресечете артеријата под јазикот може да дојде до смртоносно крварење, но во главно последиците не се така тешки како што се болни.


2. Удирање на малото ножно прсте

Директниот удар на малиот ножен прст е многу болно искуство. Со самиот удар ткивото се набива во коската, а коската во зглобот и така се движи болката.

Болката настанува бидејќи во малиот прст се наоѓаат голем број на нервни завршетоци кои се заштитени само со кожата.


3. Исекотина од парче хартија

Хартијата можеби се чини како безопасен предмет, но нејзините краеви можат да бидат поостри и од нож. Кога се пресекуваме од парче хартија, тоа најчесто се случува на врвот на прстот кој е преполн со нервни завршетоци, поради кои доаѓа до силна болка.

Хартијата стигнува само до епидермалниот слој на кожата, но тоа директно ги изложува нервите на струењето на воздухот што е причина за голема болка.


4. Удар во лактите

Ударот во лактите најчесто доведува до чудна болка и непријатно трнење на целата рака. Ова се случува затоа што се стиснува нервот кој се протега од дланката до вратот.

Проблемот настанува кога се свиткува раката и нервот станува незаштитен на надворешните влијанија.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg