Нашле посмртни останки на човек кој сакал да патува по смртта
Ако мислите дека никој нема можност да патува после смртта, се лажете и веројатно никогаш не сте слушнале за Гордон.
Тој починал пред три години и бидејќи обожавал да патува, неговата жена ги ставила неговите останки во шише заедно со неколку долари и го испратила на морско патување од крајбрежјето на Big Pine Key во Флорида.
И како што се чини, тој повторно пристигнал на копно.
Две жени на плажата на Key Colony уште еден град во Флорида ги пронашле неговите останки.
На почетокот мислеле дека е песок, но подоцна кога го отвориле шишето и ги прочитале пораките откриле дека не станува збор за песок, туку за останки и 2 долари за оној кој ќе го најде шишето.
Потоа решиле да објават слика на Фејсбук која е споделена повеќе од 85.000 пати.
„Неговите останки пристигнаа во Флорида! Една од сопственичките на хотел, Џуди пешачела на плажа ова утро и ги собирала отпадоците кои биле на плажата па нашла шише со порака во него. Имаше и песок и два долари. Откако ја отворивме и прочитавме пораката сфативме дека не е песок. Тоа се останки на Гордон сопругот на некоја жена. Таа напишала дека тој сакал да патува па го пратила во шише за патување заедно со два долари за некој да се јави и да и каже каде тој пристигнал. Започнал со патувањето во Big Pine Key во Март 2012 и стигнал во Islamerada каде му оставиле уште една порака и повторно го пратиле да патува. Ние додадовме уште една порака и го ставивме во шише од рум за патувањето да му биде позабавно и додадовме уште еден долар во случај Гордон да треба да направи уште еден повик.“