Магијата на коридата
Сигурно сте имале можност (ако не во живо) да гледате борба со бикови барем на филмовите. За оние кои ја нашле оваа тема како интересна еве неколку...
...подетални описи и информации.
Тореадор или тореро е главниот изведувач во една корида (борба со бик) во Шпанија и Латинска Америка. Тој е лицето кое на крајот го убива бикот. Интересно е што изразот „тореадор“ воопшто не се користи во шпанскиот јазик.
Во ова занимање спаѓаат борците на нозе, како и оние на коњ (пикадори и рехонеадори).
Највештите тореадори ја добиваат почесната титула Матадор на посебна корида наречена алтернатива. На оваа корида помладиот тореадор (новиљеро) се претставува на публиката како matador de toros (убиец на бикови).
Матадорот (убиец) се смета колку за натпреварувач, толку и за уметник. Еден од најпознатите матадори на сите времиња бил Хуан Белмонте, чија техника во рингот извршила револуција на коридата и до ден денес го претставува стандардот според кој се оценуваат матадорите.
Стилот и јунаштвото на матадорот се сметаат за барем толку важни колку тоа дали тој ќе го убие бикот или не. Најуспешните матадори порано биле третирани како поп ѕвезди, со соодветни примања, и култни следења заедно со таблоидски приказни за нивните сексуални подвизи.
Меѓутоа моментално матадорите заработуваат во реална вредност помалку од нивните колеги во 1960-тите. Ова е исто така опасна професија; матадорите често страдаат од повреди од биковите, а досега имаат загинато не помалку од четириесеттина.
Еден од најславните тореадори во историјата, Манолете, загинал вака во 1947. Оваа опасност игра централна улога во карактерот на професијата.
Речиси сите матадори се мажи. Меѓутоа во последно време се имаат појавено и некои жени како кандидати за матадори, но ова се смета за прилично контроверзно.