Две слики засекогаш му го променија животот откако станаа вирални
20-годишната студентка по медицинска технологија споделила слики од малото момче кое учело покрај МекДоналдс во Кебу, Филипини и засекогаш го променила неговиот живот.
Таа направила 2 фотографии под кои објавила: „Денес ова мало момче ме инспирираше“, а откако нејзината објава стана вирална, телевизиската компанијата ABS-CBN го идентификувала 9-годишното момче и донациите на оние кои биле трогнати од фотографиите, започнале.
Даниел Кабрера бил пронајден близу ресторан каде живее со неговата мајка и брат. Мајката Еспиноса заедно со двете деца живее во самиот ресторан затоа што нивниот дом го изгубиле во пожар и дневно заработува околу 80 пезоси (или 1.77 долари дневно).
Малото момче често оди на училиште без храна или материјални средства за прехрана и секоја вечер учи надвор на светлината која доаѓа од неонските светилки од надвор.
И покрај сите тешкотии, малиот Даниел вредно учи за да стане полицаец како и неговиот татко кој починал. Неговиот татко посакувал синот да стане полицаец, а сега и малото момче ја има истата желба.
„Сакам да и помогнам на мојата земја“ – се изјаснува Даниел.
Неговата мајка вели дека тој „напорно учи и е прилично одлучен во остварување на своите соништа“.
Тој инсистира да оди на училиште и без дневниот оброк.
„Постојано ми вели дека не сака да биде сиромашен и дека сака да ги оствари своите соништа“ – објаснува мајката на Даниел.
Откако фотографиите станаа вирални, Даниел и неговото семејство се преплавени со помош однадвор. Тој во неколку наврати има добиено училишни прибори, облека, униформи и светилка за да не мора да излегува надвор од својот дом и да учи.
Благодарение на Семјуел Пагдилао, тој сега има и стипендија со која може да се запише на факултет.
Дури и локалната црква и Центарот за социјална помош добиле донации благодарение на сликите од Даниел кој вредно учи пред неонските светилки.
Тој сега е симбол за сите оние деца во градот кои немаат можност да учат како резултат на сиромаштијата.
Младата девојка која ги објавила овие фотографии е пријатно изненадена, воодушевена и среќна што успеала без никакви очекувања да направи разлика во животот на ова мало момче.
Би можело да ве интересира:





