Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отишол на разговор за работа во McDonald's, а сега е познат модел

Овој тинејџер имал неверојатна среќа. Отишол во McDonald's по „биг мек“ оброк, а излегол од таму со многу повеќе од само обичен оброк.

otishol-na-razgovor-za-rabota-vo-mekdonalds-a-sega-e-poznat-model-01.jpg

21-годишниот Кристофер Кели од Глазгов учел за да стане личен тренер и во меѓувреме се одлучил да појде до големата корпорација за брза храна и да остави биографија за вработување како мијач на садови.

Но, наместо договор со McDonald's тој се вратил дома со договор за манекенство.

Кели бил забележан од еден од модните агенти на компанијата Colours Agency која била таму на ручек со своето семејство.

Сега младиот модел е главно лице на „Harvey Nichols“, „JD Sports“ и „Barbour“.

„Се упативме кон автомобилот и одеднаш оваа „луда“ жена трчаше по мене викајќи. Застана пред нашиот автомобил и започна да и вика на мајка ми да ја сопре колата. Го спуштив прозорецот, а таа ме праша дали сакам да станам модел. Мислев дека се шегува сè додека не ми ја даде визит картичката“ – објаснува Кели.

„Во тој миг знаев дека ме очекува голема авантура“ додава.

„Бев во McDonald's  со маж ми и децата кога го здогледав момчето кое e преубаво. Знаев дека има нешто специјално во себе. Морав да трчам до колата и буквално да се фрлам пред нив. Мислеше дека сум луда, а тоа се случува понекогаш кога ќе забележите лице за кое сте сигурни дека ќе се качи на врвот“ – објаснува агентот Алисон Брус.

Сами проценете дали погрешила или не:

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Позади добрите фотки на Бали стои водич кој ви објаснува како да позирате (видео) „Ова е навистина од помош за срамежливи парови“, „Водичите на Бали дефинитивно с...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg