10 корисни начини за употреба на маслиновото масло

Маслиновото масло кое отсекогаш било сметано за еден вид природен лек, иако основно се користи во јадењата, има неверојатни лековити својства -намалување на холестеролот и срцевите болести, го нормализира крвотокот, користи на инсулински нивоа, особено ако имате дијабетeс тип 2.

10-korisni-nacini-za-upotreba-na-maslinovoto-maslo-za-koi-ne-ste-znaele-1.jpg

Уште поздраво и за кожата, помага за беспрекорно чиста кожа, но истовремено и за здрава и сјајна коса.

Но, покрај своите лековите својства, маслиновото масло има и безброј интересни и корисни употреби, а еве некои од нив кои можеби досега не сте ги знаеле, а кои можат да ви го подобрат секојдневниот живот.

1. Ја навлажнува кожата, особено во комбинација со било кое етерично масло, маслиновото масло помага во борбата против сува и тврда кожа, односно совршено продукт кој на природен начин го враќа сјајот на кожата и повторно ја враќа во нормала, а се што треба да направите е да капнете неколку капки и тоа ќе биде доволно за целото тело. Се препорачува оваа постапка најмалку 2 пати на ден, зависност од самата состојба на кожата.

2. Природен отстранувач на шминка. Сите девојки и дами може слободно веќе да ги исфрлат непотребните и безброј продукти што ги имаат, кои ја имаат оваа намена, но на дело се бесполезни. Маслиновото масло инаку одговара за било кој тип на кожа.

3. Одлично ги чисти садовите за миење. Супер алтернатива наместо обичните сјаеви кои можеби повеќе создаваат пена и убаво мирисаат, отколку што навистина чистат. Исто како кај кожата, и овде за површината на тенџерето или било кој сад, потребни ви се само неколку магични капки

4. Ги решава проблемите со грлото. Ако во моментот чувствувате било каква непријатност во грлото, консумирајте една лажица маслиново масло за го го решите овој здравствен проблем. Особено е добро ако станува збор за било каков вид на иритација или болка, а за време на настинка, по желба може да го комбинирате и со мед.

10-korisni-nacini-za-upotreba-na-maslinovoto-maslo-za-koi-ne-ste-znaele-2.jpg

5. Ја заштитува вашата мачка. Ова би требало да го знаат сите сопственици на мачка бидејќи маслиновото масло спречува снопови од влакна да се формираат во нејзиниот желудник, а како и секоја употреба и овде маслото се користи на наједноставен начин, односно полевате неколку капки врз нејзината храна.

6. Го чисти мебелот. Уште една корист во областа на домаќинството. И не само што ги чисти, туку и ги заштитува кожниот и дрвениот мебел.

7. Ги отстранува масните дамки како резултат на некои индустриски производи, како што се пример нафтените деривати. За употребата важно е да се напомене дека маслиновото масло се меша со сол и ја нанесувате смесата на местото каде што се наоѓа дамката, односно со истата можете да си ги миете и извалканите раце.

8. Природен лубрикант, бидејќи е масло, одлично делува и како природен лубрикант кој може да биде искористен во било каква ситуација, како што се на пример вратите или прозорците кои постојано крцкаат, заглавените патенти на панталоните, чантите или јакните и слично.

9. Подлога за бричење. Оваа предност доаѓа во корист поедеднако и за мажите и за жените. Нанесте малку маслиново масло онаму каде планирате да се бричите, било на лицето или на нозете и притоа истото ќе ја навлажни кожата, а истовремено ќе му помогне на жилетот да поминува по површината помазно.

10. Покрај за садовите и мебелотот, маслиновото масло има уште една домаќинска користност, а тоа е чистњето на шпоретот, бидејќи помага во побрзо и поефикасно отстранување на маснотиите што се насобираат на овие површини.

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg