Чудни свадбени ритуали од земјите ширум светот
Венчавањето претставува посебен и значаен настан за парот кој се одлучува целиот живот да го помине заедно и секако подразбира прославување на врската со прием за сите роднини и блиски пријатели.
Секоја земја има свои посебни обичаи и традиции кои се врзуваат со венчавката, а меѓу нив ќе пронајдете и по некој бизарен ритуал за кој нема да ви се верува дека сè уште се практикува.
Еве неколку од нив:
1. Свадбено поцрнување во Шкотска
Младоженците се сместуваат во камион и се полеваат со мешавина од меласа (темен шеќер во течна форма) и брашно. Потоа ја минуваат целата населба со викотници и свирежи. Идејата за овој ритуал е со цел да им се покаже на младоженците што ги чека во идниот брачен живот.
2. Избегнување на тоалет во Индонезија
На младоженците во Индонезија им е забрането да го употребуваат тоалетот 3 дена пред самиот чин, бидејќи се верува дека само така ќе имаат здрави бебиња.
3. Сечење на дрво во Германија
Со пила младоженците го сечат своето прво заедничко дрво за никогаш да не заборават дека треба проблемите натаму во животот да ги решаваат заедно.
4. Киднапирање на невестата во Романија
Прилично забавен ритуал каде невестата ја киднапираат, па младоженецот мора да плати одредена сума на пари за да ја добие назад.
5. Плукање на невестата во Кенија
Во Кенија традиција на благословување е таткото да ја плукне својата ќерка на лице и гради пред да ја препушти на младоженецот.
6. Кршење на порцелански објекти во Германија
На овој начин веруваат дека младоженците ќе имаат среќа до крајот на својот живот.
7. Крадење на чевли во Индија
Сестрата на невестата мора да го измами младоженецот и да му го украде чевелот, а потоа од него бара голема количина на пари за да му го врати.
Уште 7 чудни традиции на следната страна...