Сонот на секоја жена се исполни: Огледало кое само ви покажува како ви стои облеката
При пробувањето и купувањето на облека во продавниците и по шопинг центрите, постојат неколку проблеми за кои често не сме свесни.
Пред се, пробуваме облека која и други луѓе ја облекле на себе пред нас и воопшто не размислуваме за бактериите и вирусите кои тие ги имаат на себе и ги пренесуваат на облеката.
Втор чест проблем е што навистина не сме свесни како облеката реално изгледа на нас, бидејќи ја облекуваме во мала гардероба и огледала кои не прават послаби.
Уште една работа која навистина пречи при пробувањето на облеката е тоа што постојано се облекуваме и пресоблекуваме во истиот мал простор.
За среќа, дизајнерите во Јапонија биле прилично креативни и направиле огледало со кое облеката вистински не ја ставаме на нас, не се облекуваме и пресоблекуваме и не ги добиваме непосакуваните бактерии.
Единствен проблем кој произлегува од овој концепт е што најверојатно ќе треба да бидеме облечени само по долна облека.