Нервозни и бесни? Доволно ви е накратко да одморите
Чувствувате силна фрустрација и нервоза? Затворете ги очите и одморете. Сонот ќе направи да се чувствувате подобро како што докажува и истражување од Универзитетот во Мичиген.
Психолозите од Универзитетот во Мичиген направиле истражување во кое откриваат кои се ефектите од добриот сон на расположението, емоционалната состојба и способноста за извршување на работните задачи.
Експериментот го направиле на тој начин што креирале соба за спиење во канцеларија и забележале каков ефект има употребувањето на истата на работниците.
Група на испитаници спиеле на средина на работниот ден откако учествувале во извршување на тешка задача која била специјално измислена за да ги фрустрира.
Тие морале да прецртаат на лист хартија одреден геометриски дизајн без грешки и не смееле да го подигнат пенкалото од хартијата. Задачата била нерешлива и невозможна, за испитувачите да бидат сигурни дека по обидот сите испитаници ќе се изнервираат и ќе бидат прилично гневни.
Од 40 испитаници кои ја решавале задачата, половина од нив добиле можност веднаш потоа да одморат во собата за спиење на половина час.
Оние испитаници кои ја имале таа можност подобро се справувале со работните задачи во втората половина од денот од оние кои немале можност да одморат.
Со други истражувања истото така се докажува дека сонот влијае и на ирационалноста и способноста за лажење.
Така, најдобро е секогаш кога некој ќе ве изнервира или ќе почувствувате силен гнев во вас, легнете и одморете. Гневот во најмала рака ќе се намали, ако не исчезне целосно.