Целиот свет зборува за нив: Станаа интернет сензација благодарение на социјалните мрежи

Некои луѓе или предмети многу бргу стануваат вистински интернет сензации нели?

celiot-svet-zboruva-za-lugjeto-koi-stanaa-internet-senzacii-blagodarenie-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

Благодарение на времето кое го минуваме на социјалните мрежи, тие добро ја искористиле можноста за поттикнување на голем број на прашања и секако на крај, лично прикажување.

Ова се 5-те работи кои ги освоија социјалните мрежи:


1. Фустанот и прашањето за неговата боја

Се сеќавате дека за час сликата од фустанот се најде на сите социјални мрежи? Објава за објава, на речиси секоја втора страна беше поставена сликата од фустанот и важното прашање околу неговата боја.

Се започна со објавувањето на фотографијата на Тамблр од страна на корисниччката „swiked“ која го поставила прашањето: „Каква боја е фустанот? Златно-бела или црно-сина?“.

Расправата не престануваше со денови и за момент се чинеше дека стана најважното прашање на човештвото. На социјалните мрежи беше разгорена желбата да се пронајде точниот одговор на прашањето.

celiot-svet-zboruva-za-lugjeto-koi-stanaa-internet-senzacii-blagodarenie-na-socijalnite-mrezi-1.jpg


2. Човечката барбика, Валерија Лукјанова

Сите девојки како мали имале една омилена играчка – барбиката, но ова беше првата девојка која се одлучила да стане вистинска барбика. Нејзините фотографии веднаш ги преплавија социјалните мрежи.

И додека сите се прашуваа колкав број на операции и биле потребни за да го постигне изгледот, објавуваа негативни критики и коментари, други преминаа и на онаа потемната страна.

Се појави инцидентна информација во која Валерија тврдеше дека не само што била следена, туку и претепана од страна на двајца мажи.

celiot-svet-zboruva-za-lugjeto-koi-stanaa-internet-senzacii-blagodarenie-na-socijalnite-mrezi-2.jpg

Потоа се појави нејзината конкуренција.


3. Трудницата со совршено тело и стомачни мускули, Сара Стејџ

Веројатно се сеќавате дека започнувајќи од Инстрагам па и на останатите социјални мрежи се ширеа љубопитни прашана во врска со совршените стомачни мускули на 30-годишната Сара Стејџ. А, меѓу другото и дали воопшто нејзиното бебе е здраво.

Во меѓувреме младата манекенка роди здраво момче и сè уште објавува згодни селфиња за кои сега добива коментари дека се само резултат на употребата Фотошоп.

Во секој случај со своите 1.3 милиони следбеници само на Инстаграм, таа е вистинска ѕвезда.

celiot-svet-zboruva-za-lugjeto-koi-stanaa-internet-senzacii-blagodarenie-na-socijalnite-mrezi-3.jpg


4. Најзгодниот учител по математика, Пиетро Босели

Математиката како предмет кој сме го имале уште од основно училиште, претставува прилично досадна и тешка активност, но веројатно би била поинтересна ако ви предава и згоден професор или професорка, нели?

Во Лондонскиот Универзитет на младите студентки секако дека овој предмет многу бргу им станал омилен. Тука предава 26-годишниот Италјанец Пиетро Босели кој меѓу другото е и манекен за брендови како Армани.

Звучеше прилично интересно тогаш, а и сега...

celiot-svet-zboruva-za-lugjeto-koi-stanaa-internet-senzacii-blagodarenie-na-socijalnite-mrezi-4.jpg


5. Шон О’Брајан: Човекот кој најдобро танцува

Се опуштил, заиграл и многу бргу откако биле објавени фотографии од неговото танцување тој добил голем број на негативни критики и коментари.

Спонтано голем број на корисници решиле да стапнат во негова одбрана и направиле забава во Лос Анџелес за негова поддршка.

Во секој случај тој беше како и останатите, вистинска интернет сензација за еден момент.

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg