Инспирација: Мали тетоважи за почетници во тетовирањето
Ако се чувствувате по малку нервозни и не сакате веднаш да преминете на тетовирање на некоја јасно видлива и забележлива тетоважа, но сепак сакате да се изразите на некаков уникатен начин тука се за вас малечките тетоважи.
Малечките тетоважи се речиси незабележителни, но се интересен начин на изразување преку вашето тело и со нив ќе бидете помалку анксиозни околу самиот чин.
Од прва рака ќе видите колкав е вашиот праг на болка и колку сте подготвени за перманентно симболизирање.
Во случај да посакувате да се тетовирате ова се совршени идеи од вистински тетоважи кои девојките ги прикажуваат на своите Инстраграм профили.
Без разлика на тоа дали сте во потрага по едноставен знак или симбол со значење или пак интересен и забавен дизајн, еве инспирација совршена како за вас.