Најчудните пива на светот

najcudnite-piva-na-svetot-povekjeЗа нас Скопско е свето пиво. Но, светот изобилува со пива. Во одредени земји пивото се пие дури и повеќе од водата. Пазарот за пиво станува сè попребирлив...

 

...па производителите мораат да понудат нешто ново. Погледнете какви се чудни пива може да сретнете низ светот:

1. Пиво за кучиња

За пивопијците и жедните кучиња сега се појави нова можност за заедничко дружење.

Забавата може да започне! Една мала пиварница од Холандија исфрли на пазарот специјално пиво од екстракт на говедско месо и јачмен.

Пивото е творба на сопственикот на продавница за миленичиња, Гери Берендсен, кој сакал на и кучињата да им го овозможи освежувачкото задоволство по напорниот ловечки ден.

Kwispel е безалкохолно пиво кое може да го пијат и луѓе, иако чини четири пати поскапо од обичен Хајнекен.

najcudnite-piva-na-svetot-1

2. Duff - пивото на Хомер Симпсон

Се сеќавате кое беше пивото Duff?

Официјалниот спонзор на пијанчењата на Хомер Симпсон сега може да се најде благодарение на мексиканецот Родриго Контрерас Дијаз.

Се произведува во сојузната мексиканска држава Халиско и може да се набави само преку Интернет.

Ова е ограничена серија на светло пиво која чини $20 долари за кутија шест пива + трошоци за испорака.

najcudnite-piva-na-svetot-2

3. Beer + Milk = Bilk

Една пиварница во Хокаидо, Јапонија, неодамна произвела пиво користејќи млеко во комбинација со слад. Замислата доаѓа од синот на еден сопственик на млекарница.

Откако млекарницата имала проблеми со вишокот млеко, и предложила на месната пиварница да произведува млечно пиво.

Бидејќи една третина од пивото е всушност млеко, тоа било добар начин да им се помогне на сточарите.

Пивото било наречено Bilk, име кое е комбинација од англиските зборови за пиво (beer) и млеко (milk). Пивото има овошен вкус и оди добро во комбинација со слатки или чоколади.

Поради својот овошен вкус, производителите очекуваат дека пивото ќе биде популарно меѓу жените. Ние не го делиме мислењето, но кој да знае.

najcudnite-piva-na-svetot-3

4. Пиво за слепи лица

Само на Германците може да им текне вакво нешто!

Диселдорфското Uerige пиво, едно од најдобрите во светот, сега излегува со нови етикети кои се испишани со Брајовата азбука.

По тој повод, поборничката за правата на слепите (и пивопиец) Јохана Цимер изјави:

„Често немаме претстава што внесуваме во нашите усти. Но сега точно можеме да го прочитаме составот на пивото, како и други податоци за него, и тоа е одлично“.

najcudnite-piva-na-svetot-4

5. Шампањско пиво

Champagne Lager е обид да се искомбинираат шампањското вино и пивото.

Овој нов производ наидува на голем успех и позитивни критики во САД.

Може да се најде во шишиња од 750 ml, а цената му е околу $12 долари.

najcudnite-piva-na-svetot-5

6. Пица пиво

Пивото на Том Сифурт од Чикаго, САД, Mamma Mia Pizza Beer, произведено во неговата домашна пиварница, направи пресврт во кулинарството.

Mamma Mia Pizza Beer содржи домати, лук, босилек и оригано, давајќи му вкус и мирис на вистинска храна.

Засега неговото пиво не наидува на големо разбирање кај пивопијците, но Том се надева дека тоа ќе се промени.

najcudnite-piva-na-svetot-6

7. Пиво за деца

Една јапонска компанија стои зад пивото Kidsbeer, безалкохолен пијалок за деца. Сатоши Томода, претседателот на пиварницата, изјави:

„Децата ги копираат и имитираат возрасните. Ако се најдете на некоја прослава каде има и деца и возрасни, давајќи им го ова пиво на децата ќе придонесете за забавата да биде уште поинтересна“.

„Дури и децата не можат да го поднесат животот ако не се напијат нешто“ е рекламниот слоган на овој производ.

najcudnite-piva-na-svetot-7

8. Најсилното пиво во светот

Една пиварница од САД го произведе најсилното пиво – 25% алкохол – кое е шестпати посилно од вообичаените пива и двапати посилно од виното.

Samuel Adams Utopias чини околу $100 долари по шише и спаѓа во најскапите пива во светот.

Го произведува Boston Beer Company.

najcudnite-piva-na-svetot-8

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Забавни фотки што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Имате ли претстава колку големи биле пропелерите на Титаник? А, знаете ли како и...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg