Овие луѓе пречкртајте ги од листата на гости за венчавката
Венчавката е ваш ден, а неа треба да присуствуваат само луѓето кои ги сакате и со кои ќе продолжите и по натаму да контактирате низ животот.
Постојат луѓе кои треба да ги исклучите уште веднаш од вашиот список со гости, без да чувствувате грижа на совест.
Поранешна најдобра пријателка
Некогашните пријатели останале во нашето минато со причина. Сетете се на таа причина и размислете зошто престанавте да се дружите и веднаш ќе сфатите дека треба да ја пречкртате од списокот.
Далечни роднини
На традиционалните венчавки обично се покануваат сите роднини, а сигурно многу од нив и воопшто не ги познавате. Која е поентата да имате странци на вашата свадба? Затоа, пречкртајте ги далечните роднини.
Роднини и пријатели кои вас не ве поканиле
Кога е во прашање списокот, ова е најлесната одлука за да знаете дали некого да поканите или не.
Вашиот директор
Оваа одлука многу зависи од вашите односи со директорот, но доколку вашата комуникација е сведена само на работата тогаш немате потреба да го поканите. Вашиот директор секако нема да се навреди доколку го пречкртате од списокот.
Колеги од работа
Ако работите во голема фирма, логично е дека не можете да ги поканите сите. Затоа, на листата ставете ги само оние со кои навистина се дружите, а остатокот почестете ги на работа.
Пријатели од детство
Доколку имате пријател од детството со кој не сте се виделе цел живот, тогаш размислете два пати пред да го повикате на свадба. Ако сте изгубиле контакт, тогаш не треба да го повикате овој пријател.
Поранешно/а момче/девојка
Не постои ниту една причина зошто поранешните да ги поканите на свадба, колку и да сте останале во „пријателски“ односи.
Би можело да ве интересира:





